Холивудските ѕвезди доаѓаат на Фестивалот во Венеција


Лос Анџелес – И покрај штрајкот на филмските работници во Холивуд, што трае веќе месец и половина, Филмскиот фестивал во Венеција нема да остане без американските ѕвезди. Најстариот филмски фестивал во светот се одржува од 30 август до 9 септември годинава, а потврдено е дека на црвениот тепих ќе прошетаат Адам Драјвер, Џесика Честејн, Кејлеб […]

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“- спуштена завесата на престижниот фестивал


Наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва беа врачени на Мостот на поезијата во Струга со што свечено се затвори 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Награди им беа врачени на годинешниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на […]

Пендаровски ги прими лауреатот, добитниците на награди и организаторите на Струшките вечери на поезијата


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, академикот Влада Урошевиќ, директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски, претседателката на управниот одбор на фестивалот,  Елизабета Шелева, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, Димитар Башески и добитник на наградата „Мостови на Струга“ на УНЕСКО за дебитантска книга, Гавин Бредли, информираат од […]

Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик


Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик. Тоа според мене е губење време. Ние пишуваме на македонски и не можеме тоа да го доведеме во прашање затоа што ќе го доведеме во прашање својот идентитет, својата егзистенција, порачува во интервју за МИА годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, […]

Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ


Во куќата на Уранија во Охрид денеска, во рамки на Научна и уметничка визита 2023, ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет, академик Павле Горановиќ, член на Црногорската академија на науките и уметностите – ЦАНУ. На средбата предвидено е претставување и разговор со авторот, кој е гостин на годинашното издание на Струшките вечери […]

Влада Урошевиќ во Св. Софија: Чест ми е што можам да се придружам на врвната плејада поети


Tрадиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ, се одржа вечерва во црквата „Св. Софија“ во присуство на претседателот Стево Пендаровски, како ипред бројни гости од земјава и од странство. Влада Урошевиќ е третиот македонски венцоносец, поет од третата повоена македонска поетска генерација […]

Шелева: Да беше роден во моќна западно-европска земја, Ацо Шопов ќе беше тамошна школска лектира


Одбележување на сто години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се одржа денес во црквата „Св. Софија“ во Охрид во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Пред бројните странски и домашни гости свое обраќање имаше литературната критичарка и теоретичарка Елизабета Шелева, која потенцираше дека Шопов е поет од светски ранг. […]

На СВП прв пат промовирана поетска антологија посветена на флората


Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски, беше промовирана синоќа во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Антологијата содржи 167 песни и околу 3 500 стихови. За сите застапени автори, едновремено е подготвена и биобиблиографска белешка како составен дел на книгата. […]

Маџиров за поезијата на Бредли: Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите


Добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, Димитар Башевски и Гевин Бредли вечерва во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ имаа свои портрети на кои се говореше за нивниот лик и дело. За книгата „Страв од разделба“ ирскиот поет Бредли е добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ што ја доделуваат „Струшките вечери […]

На „Струшките вечери на поезијата“ промовирана поезијата на Адам Хоровиц и Алекси Берно


Поезијата на странските поети Адам Хоровиц и Алекси Берно денеска беше промовирана во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Хоровиц и Берно се преведени на македонски јазик и книгите им се објавени како дел од проектот „Версополис“, соопштија организаторите на Струшките вечери на поезијата. ОД СВП информираат дека идејата на „Версополис“ е преку мрежа од […]

Драмски театар со претставата „Мојот маж“ на фестивалот РУТА на Бриони


Драмски театар со претставата „Мојот маж“ гостува в среда на 30 август во Хрватска. На Бриони во организација на Театарот Улисисс е одржува летното издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Гостувањето на членките од Регионалната унија на театри се реализира со изведба на претстави во рамките на фестивалската програма на театарско-музички проект на тимот на […]

СВП: Промовирано преведеното издание на „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски 


Промоција на преведеното издание на „Збунети компаси“, поетската книга на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година се одржа денеска во предворјето на црквата „Света Богородица“ во Калишта. Со оваа промоција „Струшките вечери на поезијата“ ја продолжуваат традицијата на претставување на преведеното издание на минтатогодишниот добитник на наградата. – Зоран Анчевски е […]

Теона Митевска ќе режира филм за Мајка Тереза: Агенцијата за филм ги објави резултатите од годинешниот конкурс


Агенцијата за филм, вчера на веб страната ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување. Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов “Можна приказна за мајка Тереза”, во режија […]

Интернационална премиера на „Досие Иднина“ на фестивалот во Нанси


Македонскиот краткометражен игран филм „Досие Иднина“ во режија на Гоце Трајковски ќе ја има својата интернационалнапремиера на филмскиот фестивал во Нанси, Франција, кој годинава се одржува по 29ти пат. Филмот ќе биде прикажан во официјалната програма, а проекцијата е закажана за понеделник, 28 август во 20:45 часот.    Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли […]

Доделени наградите на „МакеДокс“, наградата „Кромид“ за документарниот филм „Помеѓу револуциите“


Документарниот филм „Помеѓу револуциите“ на романскиот режисер Влад Петри ја доби наградата „Кромид“, додека грузискиот филм „Волшебната планина“ на авторскиот тандем Мариам Чачија и Ник Војт ја доби наградата „Млад кромид“, во рамките на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што синоќа за последен пат оваа година се одржа во Куршумли-ан. Фестивалот […]

„Македонисимо“ на Трпчевски со концерт во Секирник, Струмичко


Симон Трпчески и МАКЕДОНИСИМО утревечер (сабота, 26 август) пристигнуваат во Секирник, Општина Босилово, Струмица (во подножјето на планината Беласица), родното место на мајката на Трпчески. Концертот закажан за 20 часот во дворот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Секирник е со слободен влез за сите заинтересирани почитувачи на Симон Трпчески и проектот МАКЕДОНИСИМО. Специјален гостин на концертот ќе биде нашиот мајстор на кавалот, Сашо Митев. Со овој концерт стартува Балканската турнеја на МАКЕДОНИСИМО, што ќе трае до […]

Портрети на добитниците на „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ на СВП


Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ ирскиот пеот Гевин Бредли и македонскиот Димитар Башевски денеска продолжува програмата на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Во рамките на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, изложба „200 […]

Костадиновска Стојчевска: Ехото на Миладиновци е присутно и денес, од година во година сè погласно преку СВП


Во овој живот полн со предизвици, поезијата е чувствотворност што нè разликува во оваа ера на бесчувствителна роботизација, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на отворањето на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, што од денеска до 27 август ќе се одржува во Струга.   Инспирирана од годинашниот лауреат на највисокото фестивалско […]

Четири документарци во Куршумли-ан, Сули-ан и пред Музејот на Македонија за крај на „МакеДокс“


Филмската програма на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се приближува кон крајот и последната фестивалска вечер. Денеска ќе бидат прикажани четири документарни остварувања и тоа во Куршумли-ан, Сули-ан и на платото пред Музеј на Македонија. „На програмата во Куршумли-ан, во 21 часот, се краткиот документарец „Еве, и јас танцувам“ (Чешка, Германија […]

Влада Урошевиќ од Струга: Македонскиот јазик е рамноправен со светските јазици, залудни се обидите за негово негирање


Веста дека сум добитник на „Златниот венец“ на годинашниве „Струшки вечери на поезијата“ ми носи многу радост. Ја имав таа среќа да бидам, пред повеќе од шеесет години, еден од основачите на  овој наш поетски фестивал и еден од оние што учествуваа во дефинирањето на оваа награда. Во текот на годините, со внимание и задоволство […]