Избор од Христо Петрески на македонски и српски јазик


Издавачката куќа „Арка” објави избор од поезијата на Христо Петрески на македонски и српски јазик. Изборот е објавен под заеднички наслов „Третиот камен”, а во него се содржани песни од книгите „Обратна”, „Пергамент” и „Здив пред огледало”. Станува збор за обемен избор од три понови стихозбирки на Христо Петрески, меѓу кои е и стихозбирката „Пергамент”, …

Избор од Христо Петрески на македонски и српски јазик Read More »

Презентација на Мултимедијалниот проект „Сеќавања“ на Фунда, Батухан и Беди Ибрахим во Софија


Во галеријата на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, вечер во 18,30 часот, ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Сеќавања“ на Фунда Ибрахим, Батухан Ибрахим и Беди Ибрахим. Проектот содржи изложба на сликарски дела, уметнички инсталации и видеоарт од тројцата автори, активни во ликовната, филмската и театарската уметност. Како што се наведува …

Презентација на Мултимедијалниот проект „Сеќавања“ на Фунда, Батухан и Беди Ибрахим во Софија Read More »

Македонска филхармонија гостува во Подгорица и во Дубровник


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер  гостува во Подгорица, а во четврток, на 6 јули, во Дубровник. Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот …

Македонска филхармонија гостува во Подгорица и во Дубровник Read More »

Костадиновска Стојчевска: Обезбедивме 40 милиони денари за капитални проекти за единиците на локалните самоуправи


„Културата игра клучна улога во формирањето на идентитетот на едно општество и во збогатувањето на животот на секој поединец. Таа нè поврзува, нè инспирира и нè облагородува. Со капиталните дотации отвораме перспективи за развојот на културата која зближува и покрај својата разноликост, а во тоа е и нејзината уникатност“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот состанок …

Костадиновска Стојчевска: Обезбедивме 40 милиони денари за капитални проекти за единиците на локалните самоуправи Read More »

Уметничка прошетка низ Скопје преку изложба- сеќавање на скопскиот земјотрес и на Ацо Шопов


Мотив за размисла и поттик за творците е текстот на македонскиот поет Ацо Шопов, ,,Во пет и седумнаесет”, кој е посветен на земјотресот во Скопје и светската солидарност. Спојот на литературата и ликовната уметност, поезијата и ликовната уметност се во синергија на сетила, емоции и интелект. ДЛУМ преку селекција од кураторот (Дијана Томиќ Радевска), носител …

Уметничка прошетка низ Скопје преку изложба- сеќавање на скопскиот земјотрес и на Ацо Шопов Read More »

Наградата за Медеја ме врати дома: Интервју со Илина Чоревска, актерка


Брилјираше во улогата на  Медеја во претставата на Битолскиот народен театар, но не како силен анти- херој кој на крај свирепо ги убива своите деца, туку како нежна, тивка, денешна, маргинализирана, скршена  Медеја. Илина Чоревска во интервјуто за „Независен“ открива дека се изненадила и се израдувала како дете, за наградата во Прилеп. Сѐ уште ја …

Наградата за Медеја ме врати дома: Интервју со Илина Чоревска, актерка Read More »

Недела на шведски филм од 6 јули во Кинотека


Каратеристични по посебната атмосфера, посебниот пејсаж и (се)присутниот момент на интроспекција, шведските филмови од самиот почеток на националната кинематографија се наметнаа како најбитни и како највлијателни во рамките на скандинавското кино. Почетоците на шведската кинематографија датираат од првата декада на минатиот век. Во 1911 година се оформува институцијата Svenska Biografteatern, а во неа се вработуваат филмските …

Недела на шведски филм од 6 јули во Кинотека Read More »

Летен карван: Сретни се со книгите на Широк сокак во Битола


Од 3 до 16 јули, на Широк сокак во Битола ќе те пречекаат одлични наслови по ниски фестивалски цени во издание на ТРИ и на Паблишер. Карванот на книгата е една од омилените акции на Издавачки центар ТРИ, зашто наместо ти да одиш кај книгите, тие доаѓаат кај тебе.   Фестивалските цени важат за прекрасни …

Летен карван: Сретни се со книгите на Широк сокак во Битола Read More »

На иста сцена со Стефан Миленковиќ – „Профундис“ ќе го затвори „Раванелиус“ во Србија


Во сабота, 8 јули, македонскиот камерен оркестар Профундис ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија. Ова учество е посебно и значајно, бидејќи Профундис ќе биде дел од затворањето на овој врвен музички фестивал. Реномираниот камерен оркестар Профундис е единствениот македонски претставник на овој фестивал, а …

На иста сцена со Стефан Миленковиќ – „Профундис“ ќе го затвори „Раванелиус“ во Србија Read More »

„Човек против јато“ во режија на Тамара Котевска поддржан од „Еуримаж“


Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 169-та сесија во јуни оваа година го поддржа филмскиот проект на режисерката Тамара Котевска „Човек против јато“ со износ од 265.000 Евра.  „Ова е втор македонски проект кој е поддржан оваа година од Еуримаж, а е во режија на Тамара Котевска. Копродукцијата е помеѓу македонските продуценти Аполо Креатив Солушнс и …

„Човек против јато“ во режија на Тамара Котевска поддржан од „Еуримаж“ Read More »

Изложба на дела од сликарот Родољуб Атанасов


Изложба со најновите дела од реномираниот македонски сликар Родољуб Анастасов „ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ ќе биде отворена денеска во Музејот на град Скопје. -Извонредниот портретист од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022 година. Повелете во Музеј на град Скопје, заедно да уживаме во овие ремек-дела, велат организаторите на изложбата.

Почина македонскиот писател Сашо Стефановски


Почина македонскиот писател Сашо Стефановски (1965-2023), на домашната јавност познат под псевдонимот Џанго Помалиот. Беше активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот. Информацијата за неговата смрт ја објави „Окно“ со опис дека Стефановски е автор на најкусата проза објавувана на „Фејсбук“, активен блогер, активист и архивар на …

Почина македонскиот писател Сашо Стефановски Read More »

Емоциите од првата професионална претстава за лица со оштетен слух ја потврдуваат моќта на театарот


Креативна, инклузивна и уметничка извонредна како и прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност, создаде иновативната екипа на претставата „Улаф сте?“, во Центарот за култура – Битола. Оваа претстава ги прикажува борбите во општеството на младите луѓе и фрла …

Емоциите од првата професионална претстава за лица со оштетен слух ја потврдуваат моќта на театарот Read More »

МСУ е партнерска институција на проектот „EUBalkans“ кој се одржа во Париз


Музејот на современата уметност – Скопје, како партнерска институција на проектот „Долгорочни културни партнерства за дијалог Западен Балкан – Европа – Култура“, финансиран од програмата Креативна Европа, е дел од првата серија трансдисциплинарни семинари, кој се одржува на 30 јуни и 1 јули во Париз, Франција.  Освен МСУ, останати партнерски институции и организации во проектот …

МСУ е партнерска институција на проектот „EUBalkans“ кој се одржа во Париз Read More »

Агенција за филм: За потрошени 985 илјади евра буџетски пари, отчет мора да има


Продукцијата Банана филм Скопје се уште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“. Агенцијата за филм на РСМ ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон …

Агенција за филм: За потрошени 985 илјади евра буџетски пари, отчет мора да има Read More »

Почина актерката Емилија Андреева


На 68 годишна возраст, почина актерката Емилија Андреева. Емилија Андреева дипломира на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски актери, во 1977 година. Дел е од ансамблот на Македонски народен театар – Скопје повеќе од 40 години, од 1979 до 2022 година. За време на својата долгогодишна актерска кариера на театарската сцена ги …

Почина актерката Емилија Андреева Read More »

„Зад стоговите сено” доби десет награди на Грчката филмска академија


Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“/”Behind the haystacks” на младата грчка режисерка Асимина Проедроу, реализиран во копродукција помеѓу Грција, Германија и Северна Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија. Дебитантскиот игран филм „Зад стоговите сено“ на младата режисерка Асимина Проедроу од Грција постигна исклучителен успех на церемонијата на доделување на наградите …

„Зад стоговите сено” доби десет награди на Грчката филмска академија Read More »

„Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм


Продуцентската куќа на режисерот Милчо Манчевски „Банана филм“ поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм Бранко Петровски, претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ, а најавува уште кривични пријави. Како што информираа денеска од продуцентската куќа, кривичната пријава против Петровски е за злоупотреба на службената …

„Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм Read More »

Трите откупени драмски текста јавно достапни на интернет-страницата на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп


Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп денеска ги постави на својата интернет-страницата трите откупени текстa на конкурсот што го распиша Министерството за култура, во соработка со театарскиот фестивал. Станува збор за текстовите „Бреме“ на Мила Јовановиќ-Миленковиќ и „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“, и двата од Мики Душански. Идејата на конкурсот беше …

Трите откупени драмски текста јавно достапни на интернет-страницата на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп Read More »

Изложба на фотографии на Александар Кондев во КИЦ


Изложба на фотографии „Париз, Ла Дефанс“ на Александар Кондев денеска ќе биде отворена во Културно информативниот центар (КИЦ) во изложбениот салон – Империјал 1, со почеток во 20 часот. Изложбата е во рамки на Скопско лето и ќе трае до 6 јули.