Летен карван: Сретни се со книгите на Широк сокак во Битола


Од 3 до 16 јули, на Широк сокак во Битола ќе те пречекаат одлични наслови по ниски фестивалски цени во издание на ТРИ и на Паблишер.

Карванот на книгата е една од омилените акции на Издавачки центар ТРИ, зашто наместо ти да одиш кај книгите, тие доаѓаат кај тебе.  

Фестивалските цени важат за прекрасни романи од најпознатите романсиери, и за најдоброто од популарната психологија.

„Оди каде книгата те води“ е слоганот под кој се кријат сите дестинации што ќе ги прошеташ ова лето со книгите во раце.

Запамети го летото по книгите што ќе ги читаш на своите книжевни дестинации. Без разлика дали ти се чита некоја од најпопуларните романси на Теса Бејли или Али Хејзелвуд, или најактуелното од психологијата како Габор Мате или Филипа Пери, дали ти треба книга за на плажа или за некоја поинаква авантура – неодоливата понуда и попустот до 40 % ќе ти помогнат да бидеш подготвен каде и да посакаш да патуваш.