Наградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТ


Поради исклучителниот интерес од публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе има изведби на 7 и 9 септември во Македонскиот народен театар. Билетите за двете изведби се достапни онлајн преку веб-страницата на МНТ, како и на билетарницата, која работи секој работен ден од 13 до 20 часот. „Уна“ доаѓа во Скопје како […]

„Ќе глумам додека можам“. Џон Малкович пречекан со овации во Венеција


Венеција – Американскиот актер Џон Малкович изјави дека нема намера да се пензионира и сака да продолжи да глуми по петдецениска кариера. 72-годишниот Малкович моментално добива пофалби за неговата главна улога во „ Wild Horse Nine“, нов филм на режисерот и сценарист Мартин Мекдона, кој вчера ја имаше својата светска премиера на Венецискиот филмски фестивал. Доби […]

Францускиот институт во Скопје ја отвора есенската културна сезона со изложбата „ Француски траги – лична историја на гледањето“ на Ѓорѓе Јовановиќ


Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на отворање на изложбата „Француски траги – Лична историја на гледањето“ на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, во среда, 9 септември 2026 година, од 17 до 18 часот, која ќе биде поставена во излогот на Францускиот институт во Скопје. Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанчевски, куратор […]

Орбан падна и прославениот пијанист Андраш Шиф се врати во Будимпешта


  Андраш Шиф го изговара бројот 10 три пати. Неговата мајка почина на 10 октомври 2010 година, а денот на нејзиниот погреб беше последен пат кога беше во Унгарија. Тоа беше годината кога Виктор Орбан почна да го преобликува демократскиот систем. За пијанистот роден во Будимпешта, вели тој, било прашање на совест како ќе реагира. […]

Во Шибеник почнаа Деновите на македонската култура во Хрватска


Во Хрватска почна културната манифестација Денови на македонската култура по повод одбележувањето на 35-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија и 8 Септември – Денот на независноста и ќе трае до 6 септември.   Настанот почна во Шибеник, каде беше промовирана книгата „Мајка Тереза – Гонџа од Скопје (светица на сиромашните)“ од авторката Јасмина Миронски, познат новинар, […]

„Кавалерија рустикана“ на сцената на НОБ на 11 септември


 На 11 септември 2026 година, во 20 часот, на сцената на НОБ ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи – едно од најпознатите и највпечатливи дела на италијанскиот веризам. Со својата силна музичка експресивност и драмска непосредност, „Кавалерија рустикана“ ја носи приказната за љубовта, љубомората, предавството и честа, претставени низ судбините на нејзините […]

„Галимар“ по две збирки раскази го објави и првиот роман на Румена Бужаровска, „Тони“


  Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ денес го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е препознаено и објавено од „Галимар“, издавачка куќа основана во 1911 г., во Париз, која се вбројува меѓу најпрестижните и најетаблираните […]

Врачување на наградите „Празник на липите 2026“ в сабота во ДПМ


На 5 септември во 19 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи книжевно читање, како втор дел од манифестацијата „Празник на липите“ за 2026 г., која оваа година го има своето јубилејно, триесетгодишно издание. По читањето на кратките книжевни творби, ќе следи заокружувањето на манифестацијата, со врачувањето на наградите на конкурсот за […]

Клуни доби Златен лав за животно дело во Венеција, одржа моќен говор


Венеција – Џорџ Клуни беше во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција синоќа, каде што доби почесен Златен лав за животно дело. Церемонијата беше исклучително емотивна, а посветата беше толку трогателна што и актерот и неговата сопруга Амал Клуни плачеа во неколку наврати. Наградата му ја врачи Лора Дерн, […]

По Њујорк и Сараево на ред е Битола : Македонска премиера на „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума на 47. „Браќа Манаки“


Лауреат на Специјалната златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност на годинашното 47-мо издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ е кинематографот од САД, Џеф Кроненвет, соопшти директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. Тој истакна дека со изборот на Кроненвет се зајакнува фестивалот како центар на светската филмска уметнот. -​Во Битола доаѓа […]

Дигитално реставрираниот „Солунските атентатори“ премиерно ќе го отвори фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“


Дигитално реставрираниот филм „Солунските атентатори“ во режија на Жика Митровиќ премиерно ќе биде прикажан на отворањето на фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“ што ќе се одржи од 10 до 15 септември во Кинотека. Филмот „Солунските атентатори“ е најновото издание на Кинотеката во рамките на нејзината програма за дигитална реставрација на македонски […]

„Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски – добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 


Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година.  Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „Некој одовде“ од Симеон Јанков и „Драг мој Т.“ од Драгана Лукан Николоски. На осмиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во […]

Издавачи и литературни агенти од Грција, Бугарија и Албанија – гости на 13. „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан


Издавачи, литературни агенти и професионалци од издавачкиот сектор од Грција, Бугарија и Албанија ќе бидат гости на програмата „Скопје фелоушип“, во рамките на 14. издание на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, што ќе се одржи од 13 до 15 септември во Скопје. Годинашното издание на програмата во Скопје ќе ги донесе: Ефи Риза-Скифа, основачка и […]

Венеција 2026: Ѕвезден прав и авторски титани во трката за Златниот лав


Венеција – Најстариот филмски фестивал во светот повторно ќе го трансформира Венецијанското Лидо во епицентар на седмата уметност. Од 2 до 12 септември, 83-то издание на Мостра ќе прикаже пресек на современото глобално кино, служејќи како клучна почетна точка за претстојната сезона на награди. Уметничкиот директор Алберто Барбера претстави програма која, како што нагласи, „ја […]

По 14 години Дарко Митревски повторно дома – со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“


Македонскиот сценарист и режисер со „привремена“ американска адреса, оваа есен, барем накратко, се враќа дома во Македонија. На претстојниот интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки„ кој ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, Дарко Митревски ќе гостува како предавач со провокативно насловен мастерклас: „Како да НЕ снимите здодевен филм?“. На нашиот […]

Објавена „Домовница 2“ од д-р Зеќир Рамчиловиќ


Во издание на издавачката куќа „ДИВАН“ од Скопје, од печат излезе книга на проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ со наслов „Домовница 2“ (Книга 1, Том 2). Ова дело претставува продолжение на првиот том на „Домовница“, со што се заокружуваат повеќегодишните податоци и се комплетира научното истражување за демографската историја и идентитетот на населението од Горни Бихор, […]

(Галерија) Карерас запеа со Каролина и Калиопи на концертот во Скопје, публиката го врати на три биса


Незаборавна музичка вечер во Скопје приреди синоќа легендарниот шпански тенор Хозе Карерас кој пред македонската публика настапи со посебна емоција и приреди концерт исполнет со врвни вокални изведби, во рамки на прославата за 35 години независност, во организација на „Авалон“ и Владата. Градскиот плоштад беше огромна сцена под ѕвездено небо, со музичари на Македонската филхармонија, […]

Скопје се подготвува за Карерас – поставена бината за големиот концерт (фото)


Последните подготовки се во тек, а Скопје добива  нова музичка сцена под отворено небо на Градскиот плоштад  за една од најочекуваните концерни вечери на сезоната. Бината за настапот на легендарниот шпански тенор Хозе Карерас, македонските ѕвезди и Македонската филхармонија од 20 часот забрзано се поставува, а сите детали се усогласуваат пред големиот спектакл, во рамките […]

„17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за Оскар


Долгометражниот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција“, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм.   Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен […]

Унковски (во тандем со Дуковски) се враќа во МНТ во декември со „Црно злато“


На 1 септември во Македонскиот народен театар започнаа пробите за новата претстава „Црно злато“, по текст на култниот македонски драматург Дејан Дуковски, а во режија на еден од најзначајните македонски режисери, Слободан Унковски. По долгогодишна и исклучително значајна творечка кариера, Унковски повторно се враќа на големата сцена на МНТ. Неговата последна режија на оваа сцена беше […]