Македонскиот КИЦ во Загреб со изложба на Евгениј Пантев и концерт на Ристо Ѓоревски и Елена Атанасовска-Ивановска ја отвора новата галериска и концертна сезона


Со самостојна изложба на графичарот Евгениј Пантев и концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска, вечерва во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб ќе биде отворена новата галериска и концертна сезона. Изложбата „Дисциплина на скратениот траг“ претставува заокружена авторска целина составена од графики изработени во техника на длабок печат, преку која хрватската публика ќе […]

Концерт на италијанското Дуо Бертолини на фестивалот „Интерфест“ во Битола


Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ вечер продолжува со концерт на Дуо Бертолини од Италија кои ќе настапат во свечената концертна сала на битолскиот Офицерски дом. На јубилејното 35-то издание на „Интерфест“, Рафаеле Бертолини, бас кларинет и Никола Бертолини кларинет, ќе изведат дела од Бах, Моцарт, Мориконе, Мангани, Пиацола и Гершвин. Организаторите најавија двојна програма, […]

Рекордни 4 илјади посетители во Археолошкиот музеј за „Бела ноќ“


Околу 4.000 посетители синоќа ја избраа „Бела ноќ“ во Националниот археолошки музеј – Скопје, со што музејот забележа рекордна посетеност и уште еднаш потврди дека интересот за културното наследство кај македонската публика е во пораст. Уште пред официјалното отворање на вратите во 19 часот, пред музејот имаше голем број посетители, а во текот на целата […]

Скопје синоќа не спиеше, пулсираше во ритамот на „Бела ноќ“


Скопје синоќа живееше во знакот на 22. издание на „Бела ноќ“, кое на повеќе локации низ градот понуди музика, уметност, изложба, театар и забава до раните утрински часови. Плоштадите, улиците, музеите, галериите и Старата скопска чаршија беа претворени во голема отворена сцена. Еден од главните настани беше концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ […]

Љутков ја виде изложбата на Башески во Белград


Зоран Љутков како национален координатор за култура беше меѓу гостите кои на 2 октомври, во Музејот на современа уметност во Белград, присуствуваше на отварањето на изложбата „Корпореалност“, на нашиот познат вајар, професор и дописен член на МАНУ, проф. Жарко Башески. Изложбата ја отворија Нарона Љума Весели, в.д. директорка на Националната галерија на Македонија, Маријана Колариќ, […]

Со Шуберт и Малер, Филхармонија ја отвори сезоната со музика што допира до душата (фото)


Новата концертна сезона во Филхармонија, синоќа, пред (не)полна сала, започна величенствено – со музичка вечер во која се споија  духовната нежност на Франц Шуберт и грандиозноста  на музичкиот свет на Густав Малер и неговата Симфонија бр. 4. во ге-дур. Особено впечатлив беше настапот на 13-годишниот сопран со изглед на ангел, Алексис Изар Гордон, член на […]

Македонската книжевност пак во Франкфурт: повеќе автори, повеќе книги и нови можности за преводи


Македонската книжевност и годинава ќе биде претставена на Саемот на книгата во Франкфурт, еден од најзначајните светски собири на издавачката индустрија, кој од 7 до 11 октомври ќе ги собере издавачите, авторите, литературните агенти, преведувачите и професионалците од книжевниот и креативниот сектор од целиот свет. Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го продолжува континуираното присуство на […]

Промоција на „Јас сум Живка“ од Ирена Павлова Де Одорико


Во НУ Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе биде промовирано најновото дело „Јас сум Живка“ од македонската поетеса, писателка, книжевна критичарка, есеистка и преведувачка Ирена Павлова Де Одорико. „Јас сум Живка“ е книжевно дело кое ги спојува поезијата, прозата и драмско-сатиричните дијалози, со силен биографски и автобиографски предзнак. Делото е посветено на Живко Павлов, […]

Со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови


Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Цаи Шангџун, вечерва од 20 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови кој до 13 октомври ќе се одржува во Скопје, Битола, Куманово, Велес и Кочани. Фестивалот ќе понуди избор од современи кинески играни, документарни, анимирани и […]

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ 2026 година


 Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечер во 19 часот, ќе се одржи централниот настан од деветото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Програмата ќе ја води Александра Јуруковска, која ќе ги претстави најважните карактеристики на годинешниот конкурс, посветен на одбележувањето на 95 години од раѓањето на македонскиот […]

Награда „Вавилон – нова генерација“ 2026 за најдобар студентски превод


Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, ја додели наградата „Вавилон – нова генерација“ за најдобар студентски превод. Настанот се одржа во Јуроп Хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците. Целта на наградата Вавилон е да им даде поддршка на младите преведувачи во […]

Токио на 30 октомври прв ќе го види новиот филм на Милчо Манчевски: „Варајати“ го објави трејлерот за „Сестра, брат и шахта“


Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“ ќе ја има светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Токио на 30 октомври. Филмот е во натпреварувачката селекција на овој фестивал од А категорија. Манчевски и дел од актерската екипа на „Сестра, брат и шахта“ ќе продефилираат по црвениот килим на отворањето на фестивалот во […]

„Камерен музички десерт“ – концерт на Симон Трпчески на 2 ноември во Филхармонија


На 2 ноември 2026 година, од 20 часот, Симон Трпчески ќе настапи пред македонската публика, овојпат во Македонската филхармонија со концертната програма „Камерен музички десерт“. На програмата се дела од Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович – автори со различни музички јазици, епохи и темпераменти, споени во внимателно избрана концертна целина која ќе ја покаже […]

Филхармонијата ја отвора новата сезона со 13-годишниот машки сопран Алексис Изар Гордон


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе ја отвори новата концертна сезона „Филхармонија: On Air“. На концертот насловен „Симфониски бранови“ како солист ќе настапи 13-годишниот машки сопран Алексис Изар Гордон. На програмата се „Аве Марија“ од Франц Шуберт и Симфонијата бр.4 во ге-дур од Густав Малер. Алексис Изар Гордон е член на Оперското […]

Октомвриска програма на Кинотеката: во фокусот јубилеи на македонски филмови


Октомвриската програма на Кинотеката на Македонија ќе опфати македонски филмови кои оваа година одбележуваат јубилеи од премиерите и кои оставиле белег во историјата на македонската кинематографија. Како што соопшти Кинотеката, октомври ќе биде „своеобразен филмски архив, во кој минатото не стои неподвижно“ и секој од јубилејните филмови „носи трага од своето време, но со секое […]

Косовскиот рапер за снимениот спот во Македониум: Не сакавме никого да навредиме


Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по реакциите што ги предизвика снимањето на неговиот нов спот за песната „Секси мама“ во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево. Тој преку објава на Инстаграм порача дека ниту тој, ниту неговиот тим немале намера да провоцираат, навредат или да ја омаловажат вредноста на местото и неговата симболика. „Локацијата […]

„Охрид In Situ – архитектура, континуитет и мудрост на местото“ избран за македонски претставник на Венециското биенале на архитектура 2027


Проектот „Охрид In Situ – архитектура, континуитет и мудрост на местото“, на Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата „Континео“ од Скопје, ќе ја претставува Македонија на 20. Интернационална изложба на архитектура во Венеција во 2027 година, во организација на „La Biennale di Venezia“. Проектот е дело на авторите: Владимир Десков, д-р Ана […]

BookStar 2026: Ден на значајни имиња и големи теми – Сатрапи, Јахина и дебата за бестселерот


Во Europe House Skopje денеска, со книжевниот настан „Марџан Сатрапи со адреса во Скопје: Обид за мал омаж“, во кој ќе учествуваат Никола Гелевски, Владимир Битољану, Катерина Шекутковска и Жарко Кујунџиски, со модерација на Ивица Дукоски, продолжува фестивалот BookStar 2026. Потоа, во 19 часот, во „Лабораториум“, е средбата со светски познатата писателка Гузел Јахина, авторка […]

„Снегот во Казабланка“ од Кица Колбе на Петнаесеттата Европска Ноќ на Литературата во Софија


Нетипичните места за литература во Софија ќе станат „читателски гнезда“ во кои различни познати лица ќе читаат извадоци од современи европски книжевни дела. Ќе се слушнат извадоци од преведени книги од Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Ирска, Шпанија, Италија, Холандија, Обединетото Кралство, Полска, Македонија, Словенија, Украина, Унгарија, Финска, Швајцарија, Шведска и Чешка. Македонското читателско […]

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ и „Шефот и слаткото девојче“ се најдобри играни филмови на 14. „Џифони Македонија“


Играниот филм на Дина Дума, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е најдобриот игран филм, според жирито на сениорите и кадетите на 14. Младински филмски фестивал „Џифони Македонија“, што беше затворен синоќа. Вториот долгометражен филм на Дина Дума ги освои срцата на средношколците што годинава учествуваа на „Џифони Македонија“. За јуниорите, односно учесниците од шесто до […]