„Камерен музички десерт“ – концерт на Симон Трпчески на 2 ноември во Филхармонија


На 2 ноември 2026 година, од 20 часот, Симон Трпчески ќе настапи пред македонската публика, овојпат во Македонската филхармонија со концертната програма „Камерен музички десерт“.

На програмата се дела од Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович – автори со различни музички јазици, епохи и темпераменти, споени во внимателно избрана концертна целина која ќе ја покаже сета широчина, динамика и емоционална моќ на камерната музика.

Од романтичната чувствителност и препознатливата поетика на Шопен и Григ, до различните бои и музички контрасти што ги носат Конесон, Шахов и Шостакович, публиката ја очекува програма која не се потпира на едноставна формула, туку на вистинско музичко патување.

Билетите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.