Скопје синоќа не спиеше, пулсираше во ритамот на „Бела ноќ“
Скопје синоќа живееше во знакот на 22. издание на „Бела ноќ“, кое на повеќе локации низ градот понуди музика, уметност, изложба, театар и забава до раните утрински часови. Плоштадите, улиците, музеите, галериите и Старата скопска чаршија беа претворени во голема отворена сцена.

Еден од главните настани беше концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на платото пред НОБ. Музичката програма продолжи и по полноќ, додека на други локации се одржуваа електронски настапи и диџеј-сетови.

Покрај музиката, посетитетите имаа можност да проследат бројни изложби, мултимедијални проекти, театарски и уметнички перформанси. Дел од музеиите и културните простори беа отворени за посетители.

За полесно движење низ градот, автобусите на ЈСП беа бесплатни од 18 часот на 3 октомври до 5 часот наутро на 4 октмври, а работното време на угостетските објети беше продолжено за два часа.