Аман луѓе – тоа не е капитализам


БЛАЖЕ АРИЗАНОВ Ова е борба меѓу таборот на оние што се обидуваат да изградат држава и останатите што го користат државниот апарат и неговите административци како своја приватна армија   Последниве два истражувачки филма на Истражувачко репортерска лабараторија – ИРЛ отворија разговор. Раширија дебати. Покажаа колкава жед има кај нас за добро истражувачко новинарство. Но […]

Кога Мицкоски ќе се разбуди


ЕРОЛ РИЗАОВ Да се молиме Мицкоски конечно да се разбуди и да открие кој тоа управувал со државата во изминатите 30 години и го држел под ропство сопствениот народ   Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, имал ужасна мака која, во напад на искреност, ја сподели со јавноста. Чувствувал голема одговорност што народот во овие четири […]

Републиканската партија се претвори во племенска група


ФАРИД ЗАКАРИЈА Битката за Републиканската партија заснована на конзервативни принципи беше конечно загубена пред неколку години. А почетокот на нејзиното морално трошење почна уште во 1950-тите, за време на Ајзенхауер   Одлуката на Републиканската партија (ефективно) да ја екскомуницира конгресменката Лиз Чејни (Вајоминг) е историска промена на курсот. Тоа ја означува последната трансформација на партијата […]

Лето


ЛЕЈЛА САБИТ По третиот бран на Ковид-19, сите сакаме да не заплисне морски бран. Место по улици, да газиме по мек песок, потпетиците да ги замениме со боси нозе, деловната облека, со завиткани ногавици, а автомобилите, моторите и велосипедите –со душек или чамец под силното сонце. Никогаш не е рано или доцна, во сезона, или […]

Чија политика озаконува изборниот систем?


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Започнатите активности за измени во изборното законодавство се исклучително важен момент за натамошниот политички, но и севкупниот развој на македонското општество. Но во тоа треба да биде вклучена демократската јавност, а не само партиските претставници   Според релевантни домашни и странски анализи, постојниот изборен систем кај нас е сериозен извор на кризи. Покрај […]

Опасни предлози за поништување на договорите со соседите


ЕРОЛ РИЗАОВ Многу е лесно да се раскинат договорите со Грција и со Бугарија, тешко беше да се постигнат. За тоа Македонија потроши 30 години и неколку генерации   (Колумна за Дојче веле) Колку и да е разбирлива огорченоста и лутината за неисполнетите ветувања на Европа за почетокот на преговорите меѓу ЕУ и Македонија, многу […]

Радев го спушта тонот во кавгата со Македонија


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Доаѓањето на Радев денес е гест на добра волја кон Македонија, но и потег во интерес на некоја друга попријателска и проевропска Бугарија   Кога ќе слета авионот на бугарскиот претседател Румен Радев во Македонија, ништо веќе нема да биде исто во односите со Бугарија. Не дека Радев ќе попушти пред македонските очекувања, […]

Боб Дилан наполни 80 години: Безвременско наследство


ЕДВАРД ДОКС Плоден, еластичен и бескрајно креативен… уметничкиот придонес на Дилан е неверојатен за човечката приказна   Зачудувачки, Боб Дилан во понеделникот наполни 80 години. За милиони луѓе како мене, ова е момент за славење. Ние сме луди, се разбира. Го слушаме секој ден како што другите луѓе се молат. Бевме на стотици концерти во […]

Дали во фатаморганата има оаза?


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Бугарија е на пат да ја уништи политиката на ЕУ за регионот. Тоа ќе биде целосен пораз за Унијата. За тој пораз ќе нема зборови за објаснување, освен можеби еден – фатаморгана, како што рече амбасадорката Анке Холштајн      (Колумна за Дојче веле) Би можеле да избирате: дали од вашиот хи-фи систем да […]

Израелскиот проблем на Бајден


ФАВАЗ ГЕРГЕС Односите меѓу САД и Израел се она што научниците за меѓународни односи го нарекуваат како „опашката што мавта со кучето“   На прашањето дали ќе инсистира на прекин на огнот по ескалацијата на насилството меѓу Израел и Хамас, американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе разговара со израелскиот премиер Бенијамин Нетанјаху „за еден […]

Демократијата во дигиталната ера


ГРИГОРИЈ ЈАВЛИНСКИ Постои голема разлика помеѓу политичката опозиција и политичката саботажа. Одговорни политичари ги претставуваат интересите и барањата на нивните избирачи   Со децении, Соединетите Држави – и Западот пошироко – стоеја како сјаен пример за либерално-демократски просперитет што голем дел од остатокот од светот се обиде да го имитира. Но, пукнатините во западните политички […]

До правда за штедачи не се доаѓа со инквизиторско оцрнување


МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Јавната дебата е пат кон квалитетни решенија. Но такво нешто не е можно доколку се оцрнуваат и се замолчуваат надлежни институции и компетентни поединци, како што тоа се обидуваат да го прават од „Правда за штедачи“   Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ отвори широк фронт […]

Баклава


ЛЕЈЛА САБИТ Десерт, деликатес, традиција или историја. Нема Бајрам без баклава, нема лезет баклавата кога не е Бајрам. Жолта како злато, вреди како злато, кој пробал, сака пак, кој не пробал, ќе жали до крајот на животот. По баклавата се распознава домаќинска куќа или вешта домаќинка, светска кујна или вешт слаткар. Кога се вкусува, раскажува […]

Коронизацијата на сексуалноста и иднината на општеството


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Пандемијата на многу начини влијае како врз сексуалните потреби така и врз практиките за нивно задоволување. Тоа понатаму се одразува врз брачните, семејните и домаќинските односи и групи   Во годината што измина се прашувавме и размислувавме за бројни аспекти на пандемијата предизвикана од корона вирусот. Во прв план ни беа здравствените и […]

Четири примери зошто нема независно и самостојно судство


ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ За вистински судски реформи покрај вистински луѓе, потребни се и законски измени кои ќе ги предложат практичарите во соработка со професорите ослободени од политиката   Со години се зборува за реформите во судството кои би ја воскреснале неговата независност и самостојност, но и довербата на граѓаните во него. Многу се зборува, малку се […]

Зошто зборовите не смеат да се бришат


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Одлуката да се бришат или изоставуваат постоечки зборови во македонскиот јазик од Толковниот речник е скандалозна и пуританска, и на крајот на краиштата, претставува ужасно опасен вид цензура   Пред некој ден, на Денот на македонскиот јазик, свечено беше пуштена во употреба електронската верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик изработен од Институтот […]

Терористи или туристи


НАНО РУЖИН Кога се прави споредба на настаните од 27 април и упадот во Капитолот на САД треба да се знае дека оние што се обидоа да ги убијат Заев и Села според американското законодавство ќе добиеја доживотен затвор   Ние учиме од Американците, но дали и тие учат од нас? Тинејџерите од Велес станаа […]

Додека го носиме светот во џебот


ЕРОЛ РИЗАОВ Веќе не се бавиме со „банални“ работи како квалитетот на животот и сиромаштијата. Не ја користиме таа слобода која одамна е извојувана во еднопартиското едноумие, обземени со повеќепартиското безумие   (Колумна за Дојче веле) Кога е снеубавена и неизвесна иднината, носталгијата по минатото е лош избор на еден старомоден и конзервативен подостарен весникар да пишува за портал кој […]

Јајце


ЛЕЈЛА САБИТ   Мало чудо кое крие во себе живот, голема традиција, историја и богатство. Селско или на Фаберже. Од фарма или на аукција. За некого здрава, а за верниците-духовна храна. Некој од продадени јајца преживува, а некој живее на висока нога. Јајцето диктира стил. Некому му е доволно живо јајце наутро, а некој навикнал […]

Европа со фудбалот го откри својот морален Рубикон


ЈАНИС ВАРУФАКИС Американскиот капитализам го жртвуваше слободниот пазар за да ја спаси конкуренцијата во врвниот спорт и да ја зголеми возбудата. Ако целта е возбудлива, финансиски одржлива фудбалска лига, американскиот модел ѝ е потребен на Европа   Европа го откри својот морален Рубикон, границата зад која комодификацијата станува неподнослива. Линијата во песокот што Европејците одбиваат […]