За и околу јавниот долг


Со години фискалната политика во Македонија се употребува за редистрибуција на јавните финансии, за генерирање и одржување на клиенти и за интер-генерациска редистрибуција како главен инструмент за водење на популистички политики преку генерирање на јавен долг т.е. за наоѓање на лесни појавни решенија наместо на одржливи решенија за проблемите. Вообичаено македонскиот гласач/клиент делува како да …

За и околу јавниот долг Read More »

Српскиот херој Зоран Милановиќ


Еве малку лесна забава за овие мрачни денови на пандемија. За почеток, прочитајте внимателно што имаат да кажат гостите од оваа колумна. Личност А: „Никој не ја доведува во прашање тежината на злосторствата во Сребреница, но се поставува прашањето зошто се инсистира на правната квалификација дека тоа е геноцид. Правната квалификација нема врска со тоа …

Српскиот херој Зоран Милановиќ Read More »

Борбата за демократија е клучна за ова време


Здраво на сите и добредојдовте на првиот Самит за демократија. Овој собир е во моите мисли долго време од едноставна причина: Соочени со постојани и алармантни предизвици за демократијата, универзалните човекови права и — насекаде низ светот, на демократијата ѝ требаат шампиони. И сакав да бидам домаќин на овој самит затоа што тука – овде …

Борбата за демократија е клучна за ова време Read More »

Посилна партијност, послаба моралност!


Насловот веројатно ќе ги изиритира партијците, членовите и симпатизерите или трендовски речено, фановите на политичките партии. А и нека! Време е да им се каже дека претераа. Па колку пати сум се изиритирал од нивните омаловажувања на непартијците, независните и неопределените. И не само омаловажувања туку и отворени третирања како „пријатели на непријателот“. Но! Не …

Посилна партијност, послаба моралност! Read More »

Магија


Да немаш, а да имаш. Да си на дно, а да се искачиш на врвот. Да си несреќен, а да станеш среќен. Да те мразат, а да те засакаат. Да губиш, а да добиеш. Да го гледаш секој, а никој тебе. Да сонуваш, а сонот да стане реалност. Секому му треба трошка магија во животот. …

Магија Read More »

Замрзнати цени прераснуваат во празни тезги 


Замрзнувањето на цените на некои основни прехранбени производи, како лебот, млекото, месото, шеќерот… до крајот на јануари е популистичка и волунтаристичка одлука на владата која може да предизвика голема дестабилизација на пазарот. А, ако потрае подолго и многу подлабока економска криза и рецесија. Интервенциите со декрети во економските закономерности се примамливи и популарни многу кратко …

Замрзнати цени прераснуваат во празни тезги  Read More »

Предизвиците од пазарот на електрична енергија во Македонија


Флуктуациите на цената на електричната енергија на пазарите на електрична енергија го побуди интересот на јавноста за енергетиката која претежно се третира како услужна дејност и како премногу инженерска, а само понекогаш и како економска тема. Решенијата треба да се бараат во пресекот на овие феномени со целосна дисциплина од регулаторот и од оние кои …

Предизвиците од пазарот на електрична енергија во Македонија Read More »

Кога се тркаат змијата и магарето


(Колумна за Дојче веле) Понекогаш имам впечаток дека онаа народната – „змија или магаре“, апсолутно не важи за нас. Ние, во последно време, не само што по сѐ изгледа ќе добиеме по еден подарок и од змијата и од магарето, туку тие се тркаат кој побрзо да стигне до нас. Нашата спектакуларна серија пехови нѐ погаѓа како …

Кога се тркаат змијата и магарето Read More »

Елка


Симбол на нова година, нови надежи, на топол дом, на семејна дружба, навраќање на детството, размислување за иднината и разубавување на сегашноста. Некој ја кити порано, некој подоцна, но време е дамата во зелено, да ја облечеме новогодишно, во долга тоалета од разнобојни лампиони, да ја украсиме со сијалички и снегулки, да ја помилуваме иако …

Елка Read More »

Распаѓањето на Западен Балкан


Името произлезе од потребата некако да се идентификуваат балканските земји кои се географски и политички поврзани, а не се во Европската унија. Името морало да биде политичко-географско, па оттука и западниот дел на Балканот. Каква е, сепак, политичката поврзаност во таа географија? Станува збор за земји кои директно или индиректно се поврзани со два извора …

Распаѓањето на Западен Балкан Read More »

Уште едно голче, со пета! До кога?


Дните изминати од мојата последна колумна се изброиви, но не и настаните кои заслужуваат промислување. Приемниците на општата и секако на социолошки тренираната јавност беа затрупани со теми. Се изредија една врз друга, која од која поинтригантна. Навистина е возбудливо да се живее во вакво динамично време. Но, за жал, многумина не ги преживуваат, во …

Уште едно голче, со пета! До кога? Read More »

Западен Балкан е во неволја: ЕУ треба да му понуди нешто ново


Тензиите пораснаа последниве месеци во Западен Балкан, а следните недели изгледаат тешки низ целиот регион. Во Босна и Херцеговина, лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, се заканува дека ќе ја води Република Стпска надвор од деликатно изградените државни институции во земјата. Во Северна Македонија, премиерот Зоран Заев поднесе оставка. Во Црна Гора, членовите на владината …

Западен Балкан е во неволја: ЕУ треба да му понуди нешто ново Read More »

Телефонски именик на починати


(Колумна за Дојче веле) Престанав да го пребарувам мојот телефонски именик на мобилниот откако добив неколку пораки од мои починати пријатели и драги луѓе. Знаете, она „hi“ на вибер. Тоа функционира по некаков автоматизам понатаму и кога луѓето ќе заминат на оној свет. Ужаснат од помислата да ги избришам брзо се откажав, ми дојде како …

Телефонски именик на починати Read More »

Судбина


Некогаш во една секунда го гледате целиот живот, а некогаш за секунда ви се менува животот. На подобро или полошо, очекувано или неочекувано, од ваше или невнимание на другите, зашто ѓаволот ве тера или ангелот ве спасува, заради игра на судбината или виша сила, ако верувате во тоа, зашто сте се нашле во погрешно време …

Судбина Read More »

Австрија покажува дека задолжителната вакцинација не е веќе незамислива


Во изминатите неколку недели, Австрија стигна до многу нови рекорди со Ковид-19 – ниту еден од нив не е добар. На 18 ноември беа регистрирани 15.145 нови случаи, што е најголем број забележан од почетокот на пандемијата. И седумдневниот просек за нови потврдени случаи на милион луѓе е 1.395, што е повеќе од двојно од …

Австрија покажува дека задолжителната вакцинација не е веќе незамислива Read More »

Невакцинирани контра вакцинирани


Дали во една иста просторија (во јавните установи, болниците, но и во фабричка хала, магацин, канцеларија…) може заедно да работат вакцинирани и невакцинирани против Ковид-19, без оглед дали се почитуваат другите мерки за заштита од зараза, како што е носењето маски или држењето физичка дистанца? Или, за да се овозможи ова, невакцинираните ќе мора да …

Невакцинирани контра вакцинирани Read More »

Договорот од Преспа виси на конец?


И покрај оптимистичките изјави и топлите реакции кои го одбележаа потпишувањето на Договорот од Преспа, едно е сигурно: дали овој договор ќе стане „историски“ ќе покаже само краткорочната и посигурно долгорочната иднина или, со други зборови, ако тој го издржи тестот на времето. Јас лично верувам дека ова е тежок договор, главно во однос на …

Договорот од Преспа виси на конец? Read More »

Политичка корупција или сами на себе вето


Само ние има(в)ме во 21 век владејачка Внатрешно-македонска револуционерна (историски изворно и –тајна) организација. Ваков композит нема никаде во Европа, кон која се целеше. И уште со дополнителна додавка – демократска партија за македонско национално единство. Само ние не успеавме да го заштитиме националниот симбол ВМРО од еднопартиска (зло)употреба. Апсурдно е нешто постаро од државата, …

Политичка корупција или сами на себе вето Read More »

Распадот на советскиот свет


Путин го обвинува Ленин. Затоа што СССР беше доброволна политичка унија. Што е вклучено и во уставот како право на самоопределување до отцепување. Згора на тоа, претставниците на Советскиот Сојуз се залагаа за принципот на самоопределување и во меѓународните односи, особено по Втората светска војна. Но, на овој принцип се повикуваше и Советска Русија кога …

Распадот на советскиот свет Read More »

Победа што се претвори во пораз


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше вчера редок искрен момент- оцени дека треба да размисли дали вреди и натаму да се занимава со политика. Откако ја сведе целата своја опозициска улога во постојан обид за уривање на власта, Мицкоски се стави самиот во ситуација, место да бара оставка на актуелниот премиер, да го отвори прашањето …

Победа што се претвори во пораз Read More »