Килим

Зад секој килим се крева прашина, крие многу ѓубре и тајни, а знае да предизвика и скандал


Ткаен, персиски, црвен или тиркизен.

Зад секој килим се крева прашина, крие многу ѓубре и тајни, а знае да предизвика и скандал.

Во Скопје, Холивуд или на Евросонг, сеедно.

За некого е симбол на домаќинка, а за некого-кралица.

За некого традиција, а за некого гламур.

За некого декор или спомен, а за некого парада и моќ.

Како наследство, за заслуги, или со покани.

Го тресете.

Го перете.

Го чистите.

Го газите.

Го пазите.

Позирате.

Боси, во папучи, во патики или на штикли.

Насмеани или сериозни.

За инает на роднините, критичарите, медиумите и сеирџиите.

Може да ве направи славен, омилен во семејството или да ви ја уништи кариерата.

Сите за него зборат, а уште повеќе озборуваат.

Создава пријатели ама и непријатели.

Ви доаѓаат канети, непоканети и случајни гости.

Од ќеф, од потреба, од интерес, спонтано или намерно.

Во јавноста, ви го мерат секој гаф, а кога сте на врвот-молчат.

Затоа внимавајте каде газите, позирате, со кого се дружите и на кого му верувате.

Килимот не простува, најчесто казнува.

Кој доживеал пет минути слава, знае. Кој не знае, ќе научи.

Ама, како велат- секое чудо за три дена.

Во Скопје, Холивуд или на Евросонг, сеедно.