Ќе градиме фабрики за производство на минатото
Збогум Европо. Вашиот диктат за нашата иднина да бидеме во едно семејство е силен удар врз нашето достоинство и гордост. Понудата не важи. Ние остануваме да работиме во три смени во нашите најрентабилни фабрики за производство на минатото кое сакате да ни го избришете. Ќе градиме и нови фабрики за рециклирање на нашата богата историја …