Се гласа од 7 до 19 часот


Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им […]

Гласале 10.653 лица од болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците


Без проблем помина гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор. Денеска вкупно гласале 10 653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа. -На гласачките места во КПУ своето гласачко […]

Поплаки за кршење на изборниот молк, Рамиз Мерко денес асфалтирал улица


  Во паника од изборниот пораз, кандидати за градоначалници и советници од ВМРО-ДПМНЕ, го кршат изборниот молк, тврдат од СДСМ.    -Носителот на советничката група за Штип, Владко Захариев, го крши молкот со објави на социјалните мрежи, а кандидот за градоначалник на општина Ресен од ВМРО-ДПМНЕ Јован Тозиевски објавува фотографии со малолетни лица во партиски […]

Кривична пријава за поткуп за гласови во Делчево


Во полициската станица во Делчево на информативен разговор е повикан 35-годишниот  Н.С. од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори, односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35) кој примил 3.000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори. Како што […]

Даштевски контра ЦИВИЛ: Гласањето на затворениците за локалните избори тече без проблем


 Во тек е гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица, кое, како што информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на денешната прес-конференција, тече без проблем. – […]

Недостасуваат околу 40 лица на Избирачкиот список во казнено-поправните установи


Мониторингот на ЦИВИЛ утврди дека денешното гласање на лицата во притвор и на издржување казна затвор започна навремено во сите казнено-поправните установи (КПУ), освен во КПУ Идризово. Гласањето во КПУ Идризово започна во 8.20 часот. Од ЦИВИЛ изразија надеж дека управата и Избирачкиот одбор во КПУ Идризово ќе го почитуваат принципот според кој треба да […]

Денеска гласаат болните, осудениците и лицата во изолација


Седмите локални избори официјално почнуваат од денес. Денеска своето право на глас ќе може да го остварат болните и изнемоштените, внатрешни раселените лица, војниците, осудениците и лицата кои се во изолација поради Ковид – 19, под посебни однапред утврдени протоколи. Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе гласаат 7.921 болни и немоќни […]

ЈО преку Комисија за следење на евентуални нерегуларности ќе го мониторира изборниот процес


Јавното обвинителство информира дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – „кривични дела против изборите и гласањето“, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на […]

Даштевски: Се надевам на многу подобри избори бидејќи се воведува отпечаток од прст


Државната изборна комисија (ДИК) е максимално подготвена за Локалните избори, изјави во интервју за МИА претседателот на Комисијата Александар Даштевски, и нагласува дека идеални избори не постојат, но се надева дека овие избори ќе бидат многу подобри од кои било други досега бидејќи се воведува гласање со отпечаток од прст. -Можеби ќе има некакви проблеми, […]

Почна изборниот молк


По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, на полноќ заврши изборната кампања и почна изборниот молк пред неделните Локални избори. Правилата за изборен молк важат од 16 октомври, заклучно со 19:00 часот на 17 октомври. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, […]

Поткупувал гласачи во Лозово, обвинителството поведе постапка


Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело „поткуп при избори и гласање“. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот. Осомничениот, како што наведуваат од Јавното обвинителство, на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари […]

Мицкоски бара поддршка од земјоделците и пензионерите


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на посседниот ден од кампањата побара поддршка од земјоделците и од пензионерите.  -Сакам да се обратам до земјоделците, до работниот народ на Македонија , луѓето кои заслужуваат многу повеќе почит и повеќе поддршка од Македонија. Не и верувајте на власта и на нивните убави зборови, тие сакаат и овој пат […]

Заев од Шуто Оризари: За нас нема важна и неважна општина


Денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со кандидатот за градоначалник Ферат Асан и носителката на листата за советници Нежмие Саитова се обрати пред граѓаните на Шуто Оризари. Заев пред граѓаните истакна дека за СДСМ нема важна и неважна општина, а доказ за тоа се бројните инвестиции во Шуто Оризари.    „Овозможивме целосна вклученост на […]

Мостот „Михајло Апостолски“ ги поврзува скопјани


Од новиот мост во Аероодром, „Михајло Апостолски“, градоначалникот Петре Шилегов испрати порака дека тоа не е мост кој поврзува само две страни на булевар, дека не поврзува само две населби, три општини, туку дека нѐ поврзува нас, граѓаните во Скопје. Според Шилегов, овој мост ја испраќа пораката дека граѓаните во Скопје не се повеќе поделени, […]

СДСМ: Модерната кандидатка на барокната партија ја крие менаџерската биографија


Данела Арсовска продолжува да ја крие својата „менаџерска“ биографија како змија нозете.Поминаа три дена откако изби скандалот за нејзиното катастрофално менаџирање на салата Расадник, а таа упорно избегнува да одговори на новинарските прашања дали е точно дека менаџирала со спортската сала  и не плаќала струја. Данела Арсовска продолжува да манипулира дека одговорила на прашања кои […]

СДСМ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба имал затворска казна


  Бобан Стефковски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба е осудено лице и бивш затвореник. Во 2002 година Стефковски е осуден на казна затвор од три месеци поради сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“, односно продажба на дрога.   Тоа што Стефковски пред десет дена […]

Висар Гарниу најави изградба на 12 катни и подземни гаражи во Чаир


 Се планира изградба на вкупно 3.000 нови паркинг места на различни локации во Општина Чаир. Изградбата на овие паркинзи се прави во рамките на Стратешката инвестиција што глобалната компанија Мабетекс ќе ја направи во Општина Чаир и чиј договор за инвестирање беше потпишан на 6 септември помеѓу градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и бизнисменот Беџет […]

Герасимовски: Нема да има градба во Центар која нема да биде усогласена со ГУП


Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во денешното гостување на Утрински брифинг изјави дека во општина Центар има ДУП-ови кои се донесени од ВМРО-ДПМНЕ и кои се ревидираат. -СДСМ во изминатите четири години имаше мораториум кој на двапати беше укинат и за чие време се правеше усогласување на ДУО-ови […]

Арсовска најави ветинг за директорите на јавните претпријатија


Спроведување на дури 15 проекти во првите 82 дена најавува кандидатот за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и ветинг за директорите на јавните претпријатија. „Во првите 82 дена од мојот мандат, преку програмата за модерно Скопје со сите 15+1 проекти и мојот 82 акционен план ќе ги исчистиме дивите […]