Тана де Зулуета од ОБСЕ: Го набљудуваме гласањето и примената на новата технологија


Kанцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата. Ова ќе ни овозможи систематско набљудување на гласачките места, што минатата година не бевме во можност да го спроведеме, изјави […]

МВР: Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми


Министерството за внатрешни работи (МВР) досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави на денешната прес-конференција портпаролот во МВР, Тони Ангеловски. По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрирани се по два настана на подрачјата на СВР Скопје, и по […]

Амбасада на САД: Слободни, фер и транспарентни избори суштински за демократијата


Слободни, фер и транспарентни избори се суштински за секоја силна демократија, објави Амбасадата на САД на својата Фејсбук страница. – Денеска им аплаудираме на граѓаните на Северна Македонија, кои своето право на овој витален демократски принцип го остваруваат на локалните избори ширум земјата, стои во објавата на американската Амбасада. Во Северна Македонија денеска се одржуваат […]

И во Битола редици за гласање, проблеми со апаратите за отпечатоци


БИТОЛА – Во редици се чека за гласање во Битола, особено во избирачките места во централното градско подрачје, слика која ретко може да се види на денот на изборите. Гужвите се прават заради проблеми со апаратите за отпечатоци, но додека гласачите чекаат со маски на лицето никој не одржува растојание од метар и пол. Проблемот […]

ОДИХР го набљудува гласањето и примената на новата технологија, оценка утре 


Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата. Ова ќе ни овозможи систематско набљудување на гласачките места, што минатата година не бевме во можност да го спроведеме, изјави […]

До 11 часот излезноста околу 10 проценти, отпечатоците најголем проблем за гласањето


Од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места на денешните Локални избори до 11 часот гласале вкупно 135.906 гласачи, односно 10,22 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска. Advertisements   Општини со најголема излезност на граѓаните се Новаци каде до 11 часот на гласање излегле 25,84 отсто, […]

ЈО извести за неколку евентуални изборни нерегуларности во Скопје


Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, соопшти дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес и оти до неа […]

ДИК: До 11 часот излезноста 10,22 проценти


 Од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места на денешните Локални избори до 11 часот гласале вкупно 135 906 гласачи, односно 10,22 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска. Општини со најголема излезност на граѓаните се Новаци каде до 11 часот на гласање излегле 25,84 отсто, по […]

Во Гостивар тепачка, полиција смирувувала со истрели во воздух


Во Гостивар синоќа се случила тепачка меѓу две групи, а завршила откако полцијаци кои интервенирале на пријава за нарушен јавен ред и мир испукале предупредувачки истрели. Според СВР Тетово утрово два часа по полноќ во СВР Тетово А.Т. (25) од Гостивар пријавил дека околу два часа претходно на улица „Живко Брајкоски“ во близина на угостителски објект по претходна вербална […]

До 9 часот гласале само 3,64 отсто од избирачите


  Едвај 3,64 отсто од гласачите утрото побрзале да гласаат до 9 часот. Од обработени 95,09% од гласачите, податоците на ДИК покажуваат дека на избирачките места до 9 часот гласале околу 64 илјади граѓани. На претходните локални избори кои се одржаа во 2017 година, првиот пресек за излезност беше направен во 10 часот, кога излезноста […]

ДИК: Сите избирачки места отворени во 7 часот, гласањето тече непречено


Од вкупно 1.824.864 избирачи, до 9.30 часот до ДИК пристигнале податоци од 1.325 избирачки места или 38,07 отсто. Вкупен број на запишани избирачи во избирачки места од кои пристигнале податоци е 714.568, а вкупен број на избирачи кои гласале во избирачки места од кои пристигнале податоци е 23.468 или 3,28 отсто. Ова го соопшти на […]

Десетина граѓани во Штип гласале по старо – со спреј и отпечаток на избирачкиот список


Во 80-те избирачки места во Општина Штип гласањето тече без поголеми проблеми. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев за МИА вели дека од утринава имаат околу десеттина граѓани, на кои апаратите за отпечаток од прст не им ги препознаваат отпечатоците. -Но, овие проблеми се решаваат на самото место и гласачите гласаат на стариот начин, односно […]

Во Берово и Пехчево денеска гласаат 14.811 граѓани


Во малешевските општини Берово и Пехчево без проблеми тече изборниот процес кој започна навреме во сите избирачки места. Како што информира Славчо Страторски претседател на Општинската изборна комисија во Берово, своето право на глас на денешните Локални избори можат да го остварат 10.746 гласачи. -Во ОИК Берово навреме се отворени сите гласачки места, гласањето се […]

Прес-конференција на ДИК (видео)


Проследете ја прес-конференцијата на Државната изборна комисија за отворање на гласачките места и текот на гласањето, како и за излезноста до 9 часот.

Кривична пријава против две лица од Кочани за притисоци околу гласањето


ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение дека сториле кривични дела „повреда на слободата на определување на гласачите” по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. По претходна пријава, преземени се мерки од страна на полициски […]

Отворена линија кај Народниот правобранител за повреда на избирачкото право


Граѓаните на првиот круг од Локалните избори денеска можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија 0800-54321, која ќе функционира во периодот од од 7:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител. Од Омбудсманот, исто така, информираат дека отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител […]

Комисија на ЈО ќе ги следи евентуалните нерегуларности на изборниот процес


Јавното обвинителство информира дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – „кривични дела против изборите и гласањето“, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на […]

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа


Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 […]

Идентитетот на гласачот задолжително ќе се проверува со отпечаток од прст


Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК од германската компанија „Дермалог“ набави 4000 терминали. Со уредот за биометриска идентификација на гласачите ќе управуваат само претседателот или заменик претседателот на Избирачкиот одбор кои ќе имаат посебни картички што […]

За локалните избори акредитирани 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи


За Локалните избори 2021 што се одржуваат денеска акредитирани се вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Според податоците од Државната изборна комисија, изборите ќе ги мониторираат 714 домашни набљудувачи. Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи […]