Мостот „Михајло Апостолски“ ги поврзува скопјани


Фото: Б. Грданоски

Од новиот мост во Аероодром, „Михајло Апостолски“, градоначалникот Петре Шилегов испрати порака дека тоа не е мост кој поврзува само две страни на булевар, дека не поврзува само две населби, три општини, туку дека нѐ поврзува нас, граѓаните во Скопје.

Според Шилегов, овој мост ја испраќа пораката дека граѓаните во Скопје не се повеќе поделени, дека нема важни и помалку важни.

Фото: Б. Грданоски

– Не се делиме на наши и на нивни, не се делиме на Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други. Овој мост значи дека сите во Скопје сме еднакви – рече Шилегов.

Тој порача дека мостот не е  само врска помеѓу главни булевари од општините Аеродром, Центар и Гази Баба, туку е можност за граѓаните на Аеродром да не чекаат по 40 минути на железничка кога одат или се враќаат од работа. Со изградба на овој мост нема повеќе од Ново Лисиче до „Мавровка“ да се кружи од кај МАНУ и Бит пазар.

Фото: Б. Грданоски

По овој мост еднакво брзо и безбедно ќе се движат и пешаци и велосипедисти и јавен транспорт и автомобили. 

– Мостот на булеварот „АСНОМ“ е симбол на поврзување, другарство и слобода. Од тие причини одлучивме овој мост да го носи името на народниот херој генералот Михајло Апостолски – рече Шилегов.