Син претепал мајка во Визбегово


Син со боксови ја повредил својата мајка по што паднала и се здобила со повреди на главата. Како што соопшти МВР вчера во 21.50 часот Р.Т. (83) пријавила дека во дворот од нивната куќа во село Визбегово била физички нападната од страна на нејзиниот син Н.Т.(50), кој ја удрил со две тупаници во пределот на […]

Маж извршил полов напад врз малолетничка во Валандово


Во полициската станица во Валандово, 41-годишна Валандовка пријавила дека маж (55) од село Пирава извршил полов напад врз нејзината осумгодишна ќерка, соопшти МВР. Посочениот човек повеќепати во последниот месец сексуалното го злоставувал осумгодишното девојче, навела неговата мајка. Од полициската станица во Валандово наведуваат дека истиот маж се обидел да изврши полови напади и врз втората […]

Пожар синоќа на Клиниката за уво, нос и грло


На Клиниката за уво, нос и грло во комплексот клиники „Мајка Тереза“ доцна синоќа околу 22 часот избувнал пожар, јавува МИА. Пожарот бил предизвикан од болјер во бања, а интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со пет пожарникари и две возила.

Загинат малолетник во сообраќајка со мотоцикл


Четиринаесетгодишен мотоцилист од Долно Палчиште тетовско денеска загина во сообраќајка откако изгубил контрола врз мотоциклот и удрил во паркирано возило „Опел астра“ со тетовски таблици. Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски И.И. околу 13 часот и 45 минути бил донесен во приватната амбуланта „Кујдеси“ во тетовска Голема Речица, без знаци на живот. […]

Мигранти откриени во возило кај село Речица


Полицијата вчера открила петмина мигранти од кои тројца Курди и двајца Сиријци во возило управувано од скопјанец во близина на село Речица. На возачот му е одреден триесетдневен притвор. Во соопштението од МВР, се наведува дека во близина на село Речица, полициски службеници од ПС Белановце при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски […]

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа


Мотоциклист загина, велосипедист е тешко повреден, а 16 лица се здобиле со лесни телесни повреди во 12 од вкупно 22 сообраќајни незгоди евидентирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција регистрирала и санкционирала 105 возачи за пречокорување на дозволената брзина. Од сообраќај се исклучени 41 возач, четворица за возење под дејство на алкохол, […]

Моторџија загина на „Првомајска“


Триесет и осумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Според полицијата, Е.С. (38), управувајќи со мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола и се превртел на патот. „Од здобиените повреди, починал на лице место“, информираат од МВР. Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош. По увидот, […]

Две лица повредени во сообраќајка кај Катланово


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Велес-Скопје по тунелот „Катланово“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајната несреќа се случила синоќа, околу 19,00 часот на еден километар после тунелот “Катланово“ во која А.Д. (35) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Дачиа Логан“ со скопски регистерски таблици, изгубил контрола […]

Четворица повредени кај Расадник


Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода. Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички. – Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто […]

Маскиран разбојник ограбил поштар


Непознат маскиран сторител извршил разбојништво над 47-годишен поштар од Скопје, А.Ф., вработен во а.д. Македонска пошта. МВР соопшти дека разбојништвото се случило вчера околу 10 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир. Заканувајќи се со пиштол, сторителот од А.Ф. одзел чанта во која имало меѓу 15.000 и 20.000 денари и побегнал во непознат правец. […]

Судењето за „Насилство во Центар“ почна одново


Во Кривичниот суд денеска одново почна судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. Судењето е вратено на почеток бидејќи со новиот распоред, предметот му е доделен на судијата Душан […]

Полицијата приведе 20 лица за тепачката во Ченто


МВР соопшти дека 20 лица се приведени во врска со вчерашната тепачка меѓу две групи малолетници на автобуската постојка на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто. Како што се наведува во полицискиот билтен, околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија […]

Девојка е најдена мртва во тоалет во „Сити мол“


Министерството за внатрешни работи го објави идентитетот на скопјанката што вчера беше пронајдена мртва во тоалетот во трговскиот центар „Сити мол“. Станува збор за лицето А.М. (30) од Скопје. Причините за смртта сè уште не се утврдени. „Вчера околу 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето […]

Приведени 15 лица во тепачка во Ченто, каменуван автобус на ЈСП


Петнаесет лица се приведени вечерва откако настанала тепачка меѓу две групи на улицата „А.Авдовиќ“ во населбата Ченто. Во тепачката од страна на едната група каменувал е автобус бр. 65 б кој соообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци при што се искршени четири стакла. Случајот во полиција го пријавил возач на ЈСП околу 19:35 часот. Полицијата потврди […]

Сопругата на Јакимовски го управувала возилото


На булеварот „М.Т.Гологанов“ во Скопје денеска околу 13 часот се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл. Како што соопштува полицијата, автомобилот бил управуван од Е.Ј. (53). Сопруга на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски. Во несреќата повреден е мотоциклистот Ѓ.А. (37), кој веднаш е префрлен во Ургентниот центар. На социјалните мрежи се шпекулираше дека несреќата е предизвикана […]

Обвинителството отвори истрага за смртта на родилката во „Санте плус“


Основното јавно обвинителство отвори истрага за смртта на родилката во приватната здравствена установа „Санте плус“ во Скопје Од таму велат дека вчера добиле известување за настанот од скопската полиција, по што наредено е за прибирање на потребната документација и податоци. „По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за […]

Го изрешетале додека одел по улица


Две прострелни рани и една скршеница во пределот на потколеницата од левата нога, како и една прострелна рана од огнено оружје во пределот на надколеницата од десната нога се констатирани кај 41-годишниот скопјанец А.Т., кој бил изрешетан вчера околу 15.30 часот во близина на објект во изградба на крстосниците од улиците „Никола Малешевски“ и „Благоја Паровиќ“ […]

Ограбена спортска обложувалница во Јурумлери


Околу 100.000 денари се украдени од спортска обложувалница во скопското село Јурумлери. Разбојништвото се случило во средата околу 21.50 часот кога во објектот влегол маскиран и вооружен напаѓач. Тој и се заканил на вработената дека ќе ја убие доколку не му ги даде парите од дневниот промет. Со пленот, побегнал во непознат правец. Истрагата е […]

Скопјанец повреден во експлозија


Скопјанецот М.С. (64) се бори за живот откако бил повреден во експлозија. Инцидентот се случил вчера околу 14.45 часот на улицата „Бриселска“ во Скопје кога М.С. бил работно ангажиран кај сопственикот на куќата и во моментот заварувал. Се слушнала експлозија, избувнал оган, кој бил изгаснат од соседите, а работникот итно бил пренесен во Клиничкиот центар. […]

Пет лица се полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Пет лица биле полесно повредени во пет од вкупно девет сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале […]