Сообраќајна несреќа во Скопје: Едно момче загина, друго се бори за живот


Дваесет и тригодишен скопјанец загина, а негов врсник од Охрид е во животнозагрозувачка состојба по сообраќајката што се случила ноќеска во 3.13 часот во близина на основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје. Како што е наведено во полицискиот Билтен, во сообраќајката на бул.„Мајка Тереза“ скопјанецот Д.С.(23) управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во […]

До средината на следната година продолжена кризната состојба на јужната граница


Со одлука на Собранието на Република Македонија до 30 јуни следната година е продолжен рокот за постоење кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија. Парламентот ја изгласа одлуката со 60 гласа „за“ во рамки на денешната 26. седница. Со носењето на Одлуката се обезбедува континуитет во вршењето […]

Гинеме по патиштата: брзината годинава уби 122 лица


Поради непочитување на правилата за ограничување на брзината и за држење страна и правец на движење, во Македонија од јануари до ноември оваа година се случиле вкупно 7.330 сообраќајни незгоди. Од нив, 3.694 се со потешки последици. Загинале 122 лица, а со материјална штета се 3.636, покажуваат индикаторите на Републичкиот сојуз за безбедност на сообраќајот […]

Маж злоставувал 12-годишно девојче во Скопје


Непознат маж од Скопје во неколку наврати во неговиот стан извршил полов напад врз 12-годишно девојче. Мајката на девојчето синоќа во полиција пријавила дека во периодот од 10 до 21 декември додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото. […]

Две лица се полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Две лица биле полесно повредени во две од вкупно пет сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје, а во три незгоди била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, […]

Нормализиран сообраќајот на граничниот премин Ќафасан


Сообраќајот пред граничниот премин Ќафасан на магистралниот пат А2 кон Република Албанија е нормализиран, информира АМСМ.Сообраќајот е нормализиран од 17:50 часот. Како што претходно соопшти АМСМ, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ попладнево во 17.05 часот го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан.

Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан


Околу 50 симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ попладнево во 17.05 часот го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан, информира денеска Авто-мото сојузот на Македонија. Како што соопшти АМСМ, блокиран е магистралниот пат А2 кон Република Албанија

Тројца приведени за убиството во Чаир, пронајдено е и возилото од кое било пукано


Приведени се три лица осомничени за вчерашното убиство на момче во Чаир, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Работиме интензивно со групата на СВР Скопје и Обвинителството. Најдено е возилото „застава југо“ од кое е извршено убиството, како и 20 чаури и четири зрна, два мобилни телефона. Се разговара и со роднините, […]

Стружанец врзал со јаже сограѓанин и му го украл возилото


Четириесетгодишниот стружанец Н.М доби кривична пријава за „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“ откако минатиот месец претепал едно лице, го врзал со јаже и му го украл возилото. Пријавениот на 24 ноември годинава во Струга во возило, после вербална расправија со М.И.(28) од Струга, што прераснала во физичка пресметка, го прободел М.И. […]

Старец изгоре во пожар во неговата куќа во Пехчево


Осумдесет и двегодишниот А.Г. од пехчевското село Умлена го загуби животот во големиот пожар што ја зафатил неговата куќа каде што живеел сам. Според информацијата од СВР Штип пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а локализиран во 00:30 часот. – Со пожарот прво бил зафатен горниот кат од куќата, по што се проширил и ја […]

Триесет и четиригодишен маж падна од трети кат


Маж на возраст од 34 години вечерва на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир паднал од третиот кат од зграда. Според неофицијални информации станува збор на лицето Ф.Ш., кој по падот веднаш бил пренесен на Ургентен центар. Полицијата врши увид на местото на настанот.

Детали за инцидентот во Чаир: Убиеното момче имало 24 години


Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот. Момчето со иницијали Б.И. (1993) е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување […]

Убиено едно лице попладнево во Чаир


Попладнево околу 18:00 на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир се случил вооружен инцидент во кој, неофицијално, едно лице го загубило животот. Полицијата го потврди инцидентот и врши увид на местото на настанот. Според неофицијални информации, непознати лица пукале кон Б.И. Инцидентот се случил на автобуската станица во близина на средното училиште „Цветан Димов“.

Скопјанец излегол од затвор и украл џип „Ланд Ровер“


Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против скопјаните И.Р. (28) и З.Ф. (31), поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело – „тешка кражба“, предвидено и казниво по Кривичниот законик на Република Македонија. Како што соопшти полицијата, З.Ф. бил на издржување казна затвор во Казнено поправниот дом Идризово, […]

Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Едно лице загинало во една од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во една незгода со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а во пет полесно биле повредени пет лица. Во пет незгоди била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила […]

Изгубил контрола и се забил во ѕид: Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Ноќеска 45 минути по полноќ на булевар „Третта Македонска бригада“ во Скопје, пред раскрсницата со улица „Фрањо Клуз“, се случила сообраќајна незгода во која З.В. (51) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во бетонски ѕид од објект. Од страна на лекар од Итна медицинска […]

Едно лице загина ноќеска во сообраќајка кај „Раде Кончар“


Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај Раде Кончар. Полицијата соопшти дека во несреќата загинал З.В. (1966) кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се М.К (2000) и К.К. (1993). Несреќата се случила околу 00.50 часот, […]

(ВИДЕО) Излета автомобил во Вардар во центарот на Скопје


Автомобил излета во реката Вардар во центарот на Скопје, јавува од самото место репортерот на „Независен весник“. Неофицијално, повредени лица нема и возачот веќе не е внатре. Настанот се случи попладнево кога автомобилот кој се движел по  кејот  излетал директно во реката. Полициски екипи се излезени на самото место и вршат увид.

Исчезнатиот дедо Душко загинал во сообраќајка пред 11 дена


Потрагата по дедо Душко Трајковски (85) од Карпош кој беше пријавен за исчезнат, заврши трагично. Тој пред 11 дена на 2 декември, додека се возел на својот велосипед бил удрен од страна на автомобил Фиат Добло и по кратко време им подлегнал на повредите. Несрежата се случила на крстосницата од булеварот 8-ми Септември и улицата […]

Битолчанка си плаќала сметки за струја со туѓа картица


Полицијата поднесе кривична пријава против битолчанката која со туѓа картичка која претходно ја нашла си плаќала сопствени сметки за струја. Д.К. (38) од Битола на 1 јуни 2017 година неовластено употребила платежна картичка сопственост на В.Ш. (41) од Битола. Таа преку интернет ги внела податоците од картичката, која претходно ја нашла, и извршила плаќање на […]