Син претепал мајка во Визбегово


Син со боксови ја повредил својата мајка по што паднала и се здобила со повреди на главата.

Како што соопшти МВР вчера во 21.50 часот Р.Т. (83) пријавила дека во дворот од нивната куќа во село Визбегово била физички нападната од страна на нејзиниот син Н.Т.(50), кој ја удрил со две тупаници во пределот на главата и телото.

Taa паднала на земја и се здобила со видливи повреди во вид на оток и црвенило во пределот на главата.

Од МВР работат на расчистување на случајот, а на местото на настанот излегле полициски службеници.