Загинат малолетник во сообраќајка со мотоцикл


Четиринаесетгодишен мотоцилист од Долно Палчиште тетовско денеска загина во сообраќајка откако изгубил контрола врз мотоциклот и удрил во паркирано возило „Опел астра“ со тетовски таблици.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски И.И. околу 13 часот и 45 минути бил донесен во приватната амбуланта „Кујдеси“ во тетовска Голема Речица, без знаци на живот.

Во тек е увид на јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа на СВР Тетово, рече Јосифовски.