Ограбена спортска обложувалница во Јурумлери


Околу 100.000 денари се украдени од спортска обложувалница во скопското село Јурумлери. Разбојништвото се случило во средата околу 21.50 часот кога во објектот влегол маскиран и вооружен напаѓач. Тој и се заканил на вработената дека ќе ја убие доколку не му ги даде парите од дневниот промет. Со пленот, побегнал во непознат правец. Истрагата е во тек.