Скопското обвинителство отвори истрага за дилер на кокаин и хероин


 Од Основното јавно обвинителство Скопје донесена е наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Осомничениот, како што соопшти ОЈО Скопје, набавил поголемо количество наркотична дрога – кокаин и хероин и потоа ја препакувал во својот дом […]

Во пожари изгореа викендичка во Пехчевско и штала во Тетовско


Три пожари беснееја вчера во Пехчевско, Тетовско и Штипско, при што изгореле една викендичка, штала, а опожарени биле и сува трева, борова шума и насад со модри сливи. Во неделата околу 14.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на место викано „Амушкови чешми“, атар на Пехчево, настанал пожар пред викендичката во која престојувала К.М. […]

(ФОТО) Објавена првата фотографија од местото каде се урна етиопскиот авион


Компанијата „Етиопијан ерлјанс“ објави фотографија од местото на падот на авионот Боинг 737. Во соопштението покрај фотографијата, директорот на компанијата, кој се наоѓа на фотографијата, дошол до местото на несреќата и може да потврди дека нема преживеани. Од компанијата им изразија длабоко сочувство на семејствата на жртвите. Портпаролот на етиопскиот авиопревозник „Етиопијан ерлјанс“, чиј авион […]

Официјално: Сите патници во Боингот на „Етиопијан ерлајнс“ се загинати


Сите патници кои биле во авионот на „Етиопијан ерлајнс“ кој се урна кратко по полетувањето загинале во падот, соопштуваат од компанијата, а пренесува „Би-би-си“. Everyone on board Ethiopian Airlines jet died in crash, spokesman says – victims were from 33 nationalities Live updates: https://t.co/yXWOHt8cQd pic.twitter.com/J8z7FfMZMC — BBC Breaking News (@BBCBreaking) March 10, 2019 149 патници […]

Авион на „Етиопијан ерлајнс“ со 157 патници се урна шест минути по полетувањето


Авион на „Етиопиан ерлајнс“ со 157 патници и членови на екипаж денеска се урна шест минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба, но се уште нема информации за судбината на луѓето кои биле во леталото. Боингот 737 бил на редовен лет од Адис Абеба до Најроби кога од, за сега непознати причини, се урнал […]

Пожар во кривопаланечки Мезовски ливади


Седум пожарникари со две противпожарни возила попладнево го гаснеа пожарот кој избувна во месноста Мезовски ливади, во предградието на Крива Паланка. Опожарени се еден хектар обработливо земјиште, овоштарници и сува трева, а пожарот бил во близина на куќите во овој реон. Од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка посочија  дека брзата и навремена интервенција на пожарникарите […]

Свекор нападнал снаа


По вербална расправија меѓу нејзиниот сопруг и нејзиниот свекор, В.П. од селото Чанаклија, Општина Василево, вчера била физички нападната од свекорот по што паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди, соопштија денес од СВР Струмица. Свекорот А.П. (68), полицијата го лишила од слобода и е задржан во Полициската станица во Струмица. Полицијата […]

Притвор за Мијалков и за Ибраими


Судот одлучи да го прифати предлогот за притвор за Сашо Мијалков и за Бедредин Ибраими. За останатите четворица за кои обвинителката Фатиме Фетаи побара да се јавуваат во судот, судот одреди да се јавуваат во вторник и четврток, лично.  За почеток, ќе треба да се јавуваат во Скопје, а понатаму може во градовите од кои […]

Побарана мерка притвор за Мијалков и за Ибраими


Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, побара притвор за Бедредин Ибраими и за Сашо Мијалков. Како што појасни таа, постоело опасност од бегство на Мијалков кога за него само се воделе случаи, а сега кога има пресуда, таа опасност од бегство, значително се зголемува. Фетаи, за Бедредин Ибраими појасни дека за цело време на судењето, не […]

Казна од три години затвор за Мијалков, 4,5 за Бедредин Ибраими


За случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности судот ги прогласи за виновни сите обвинети. Мендух Тачи за злоупотреба на службена положба е виновен, а судот му одреди казна затвор од 3 години и два месеци. Бедредин Ибраими доби 4 години и 6 месеци затвор. Влатко Сајковски е виновен, па доби казна затвор од три години. […]

Мендух Тачи не дојде да ја слушне пресудата за „Титаник 2“


Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, не дојде во судот да ја слушне пресудата во случајот „Титаник 2“, во кој му се судеше за изборни нерегуларности за локалните избори во 2013 година. Останатите обвинети, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков како и останатите обвинети поранешните членови на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими од […]

Прва пресуда за Мијалков на Денот на жената


Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, на Денот на жената, 8 Март, ќе ја слушнат пресудата за случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности што ги договарале на локалните избори во 2013 година за да се повтори гласањето во Струмица, каде што победи сегашниот премиер, а […]

Гостиварец повреден со нож од својот татко


Полицијата во Гостивар привела шеесетгодишник осомичен дека си го повредил синот со нож. Според СВР Тетово, вчера околу 17.10 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено во полиција дека кај нив со повреди бил донесен Н. Љ.(31) од Гостивар. По преземени мерки било утврдено дека Н. Љ. бил повреден со нож во левата нога од неговиот татко А. […]

Јанева: Ако Мијалков го пуштат, ќе се побара притвор за друг случај


Обвинителката Катица Јанева, вели дека за Сашо Мијалков ќе побараат притвор за друг предмет, ако се одлучи тој да биде пуштен по случајот „Империја“. За одлуката на Врховниот суд за случајот „Империја“ за пуштањето од куќен притвор на дел од осомничените, и дали е следен Сашо Мијалков, Јанева смета дека најважно е што СЈО има […]

(Видео) Јанева најави нови крупни предмети


Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева е задоволна што надлежноста на СЈО ќе се прошири и најави дека наскоро би можело да се очекуваат и други покрупни предмети Јанева вели и дека Обвинителството што го раководи ќе продолжи да работи со истата динамика и во иднина, додавајќи дека следната недела ќе го претстави извештајот за работата […]

Коце Трајановски заработи кривична пријава


Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и уште три лица од градската администрација за злоупотреба на службена положба и овластувања при изборот на директор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје по оглас од 2014 година. Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје – […]

Седумдесет и двегодишна жена им подлегна на повредите по удар од товарно возило


Седумдесет и двегодишната Р.К. од село Петровец вчера починала во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како последица на повредите здобиени неколку часа порано од удар од товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(42) од село Катланово, Скопско. Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 09.45 часот во село Петровец, скопско, кога товарното […]

Се разболе Латас, „Тревник“ одложен за 29 март


Денешното рочиште за случајот „Тревник“ на СЈО е одложено за 29 март поради отсуство од здравствени причини на првообвинетот Драган Павловиќ Латас. Неговата адвокатка Анита Бегова до судот достави лекарска потврда дека Латас е на боледување поради воспаление на средно уво. Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и […]

„Титаник“ се одложи, Јанакиески не можел да дојде поради „Насилство во Центар“


Рочиштето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 8 март поради неприсуство на Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите. Поранешниот министер за транспорт и врски не можел да дојде бидејќи бил на рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“ каде исто така е […]

Македонска цистерна со гас излета кај Врање, може да експлодира


 Цистерна со македонски регистерски таблички, утрината нешто по 8 часот, слетала од автопатот во близина на Врање. Српските медиуми објавуваат дека за среќа нема повредени, но автопатот во должина од околу петстотини метри, го обезбедува полицијата заради потенцијална опасност од излевање на течниот гас или експлозија. Едната лента од автопатот е затворена за сообраќај.