Студеничани: Жена си го убила мажот со секира


Педесетгодишна жена од скопско Студеничани со секира го убила својот сопруг. Убиството се случи вчера во дворот од нивната семејна куќа. Таа е уапсена и побаран е едномесечен притвор, соопштио Основното јавно обвинителство.

„Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот се наоѓал во дворот на куќата, осомничената ја зела секирата која била оставена во близина и му задала три удари со сечивото, нанесувајќи му повреди кои предизвикале смртен исход кај оштетеното лице“, велат од ОЈО.