Нападнат возач на ЈСП кај ТЦ ,,Бисер“


Фото: Б. Грданоски

Возач на ЈСП доцна синоќа бил физички нападнат од две лица додека управувал автобус пред Трговски центар ,,Бисер”.

Случајот го пријавил во СВР Скопје, во 23:35 часот.

Како што соопшти полицијата, станува збор за Б.Д. (42) од село Раштак, Скопско, вработен во ЈСП Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.