Во четири сообраќајки, 15 повредени


Неколку сообраќајки се случиле во изминатото деноноќие при што повредени се 15 патници.

На крстосницата од магистралниот пат Битола-Ресен со регионален пат Макази-Маркова Нога, кај место викано Макази, вчера напладне се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(62) од Битола, а сопатници биле Љ.М.(59) и едно лице на возраст од 16 години од Битола и патничко возило „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(25) од село Радолишта, струшко, а сопатници биле Г.М.(21), А.М.(39) и едно лице на возраст од 17 години сите од село Мислодежда-струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Љ.М. и 17 годишната сопатничка, додека останатите лица се здобиле со телесни повреди. На сите им била укажана помош во Клиничката болница во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Вчера попладне во полициска станица било пријавено дека на крстосницата помеѓу улиците „Цветко Тонев“, „Јордан Стојанов“ и „Јаким Стојковски“ во Пробиштип се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Пробиштип и патничко возило „Рено сеник“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(56) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.И., а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило И.С. од Пробиштип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Вчера сообраќајна несреќа се случила и на улица „Вардарска“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(38) од Велес, а сопатник било дете на возраст од 10 години и патничко возило „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.С.(32) од Велес во кое биле и сопатниците С.Д.С. и Н.Д.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.С. додека останатите лица се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Сообраќајна несреќа синоќа околу 21:10 часот се случила и на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, пред Ростушки мост, патничко возило „Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(28) од село Врбјане, гостиварско, удрило во метална заштитна ограда.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.Ш., кој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле сопатниците Б.Ш. и Ф.С. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.