Австрија во шок: Брутално претепани деца, жртва и Македонец


Австриската јавност е во шок по видео – снимката што кружи на социјалните мрежи на која се гледа како малолетни деца претепуваат двајца врсници. Утврдено е дека станува збор за снимка направена со мобилен телефон, при што е прикажана случка од Салзбург, која датира од јули минатата година, а жртви се деца од Македонија и […]

Со лажна диплома се вработил во Клиничката болница Битола


СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во септември 2017 година пријавениот, како возач во Клиничката болница – Битола, приложил лажна диплома за завршено средно образование од средно училиште од Скопје, по што бил поставен на работно место […]

Гевгеличанец заканувајќи се со ловечка пушка извршил грабеж во казино


Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе обвинение против гевгеличанец на возраст од 40 години поради „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи и разбојништво“. Обвинетиот кај себе неовластено држел ловечка пушка и 8 ловечки куршуми. Од обвинителството велат дека на 9 јануари околу 2:40 часот од […]

Притвор за лице кое со измама ветувало документи за работа во Германија


Основното јавно обвинителство Гостивар започна постапка против едно лице, осомничено дека со измама на гостиварци им ветувало документи за работа во Германија. На осомниченото лице за кривично дело „Измама“ од член 247 од Кривичниот законик, Основниот суд во Гостивар му определи притвор во траење од осум дена. Обвинителството соопшти дека осомничениот, во текот на овој […]

Најдена марихуана во возило во кое имало две малолетни лица


Во гостиварското село Топлица во попладневните часови на 17 април полициски службеници запрале автомобил марка „бе-ем-ве“ при што кај лицата кои биле во него била пронајдена марихуана. Како што информираат од МВР, во возилото со гостиварски регистарски таблици, што го управувал 22-годишник, биле уште и 20-годишник и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 […]

Во Велес силувана 21-годишна девојка


Триесет и четири годишен маж силувал 21-годишна девојка во Велес. Инцидентот, како што информираше СВР Велес се случил во вторникот вечерта околу 23:30 часот кај  „Спомен Костурницата“. Триесет и четири годишниот А.Т.  со употреба на сила извршил обљуба над 21-годишна девојка,  со која претходно се познавале. Како што информираат од СВР Велес, бил известен јавен обвинител и се […]

Хорор кај Кратово: Го застрелал соседот, па се самоубил


Убиство и самоубиство го потресе Кратово. Педесет и седумгодишниот кратовец Г.К., со ловечката пушка што ја поседувал со дозвола, отишол во куќата на соседот Р.А. (66), исто така, од Кратово и го застрелал, а потоа заминал во својата куќа и се самоубил. Како што соопшти МВР, вчера околу 14,20 часот било пријавено дека во селото […]

„Монструм“ одложен за 6 мај


Предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство е одложен за 6 мај, во 10 часот, бидејќи на денешното рочиште службено отсутен беше претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев. Како што информира судијата Осман Шабани, и Дафинка Ивановска, адвокатот на оштетените, го известила Судот дека нема да присуствува на денешното рочиште поради патување во странство. Османи […]

Се судриле мопед и велосипед, повредени две жени


Во Велес, во средата попладне се случила сообраќајна незгода во која учествувале мопед и велосипед, повредени се две жени. Во средата, во 17.25 часот било пријавено дека во Велес на улицата „Димитар Влахов“ кај железничкиот мост се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Априлија“ со велешки регистерски таблици, управуван од Ѓ.К. (50) од Велес и велосипед […]

Нови рочишта за „Монструм“, „Траекторија“ и „Тарифа“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за „Монструм“, „Траекторија“ и „Тарифа“. Случајот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, […]

Поднесен обвинение за лице кое направило импровизирана лабораторија за марихуана во Козле


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинене против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Осомничениот на најгорниот кат од својот дом во Козле неовластено произведувал, преработувал и заради продажба држел наркотична дрога – марихуана. Притоа тој направил импровизирана […]

Шверцер на марихуана пребегал во Албанија, се пукало на границата


Во вторникот,  во 20.30 часот, кај гробиштата во село Спас, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Блато“ забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете. Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата. Биле испукани и неколку […]

Акција на МВР во Гостивар: Превезувале ученици со нерегистрирани комбиња и без возачки дозволи


Полицијата во последната контрола на комбиња кои превезуваат ученици од средните и основните училишта низ Гостиварско открила низа прекршоци кои ја загрозуваат безбедноста. Откриени се и тројца возачи зад волан седнале без возачка дозвола. Вчера попладне во периодот од 18 до 21 часот, во Гостивар со акциска контрола биле опфатени 35 возила (комбиња) со кои […]

Скопјанец загина во бизарна несреќа: Бил прегазен од камионот што го управувал


Педесет и двегодишен маж загина во бизарна несреќа што се случи во вторникот околу 14.50 часот на крстосница од булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „4“ во Скопје. Според полицијата, Љ.А. (52) од Долно Лисиче, управувал камион „мерцедес“. Во еден момент го запрел, го оставил на улица и заедно со сопатникот излегле за да види дали […]

Крадците на НЛБ банка имале јатаци?


Експозитурата на НЛБ Банка во скопската населба Чаир, која беше ограбена во понеделникот, вчера остана затворена, а крадците останаа недостапни за полицијата. Управата на банката утврди дека во грабежот биле украдени 150.000 евра. Иако Министерството за внатрешни работи соопшти дека при грабежот бил повреден само чуварот, сепак во соопштението од банката се вели дека имало […]

„Топлик“, „Триста“ и „Титаник 3“ на СЈО денеска во Кривичен


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Топлик“ и „Титаник 3“ и „Триста“. Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица. Според обвинението на […]

Ограбена поштата во пробиштипското село Злетово


Ограбена е поштата во село Злетово во Општина Пробиштип информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Тешката кражба се случила викендов, а непознатите сторители одзеле пари. Полицијата засега не открива колку пари со себе зеле крадците, кои на дрзок начин влегле во поштата. – Вчера на 15 април во Полициската станица во Пробиштип било пријавено […]

Кај двајца браќа од Скопје пронајдена марихуана


Двајца браќа од Скопје се приведени бидејќи при претрес во нивниот дом пронајдени се повеќе различни пакувања марихуана и оружје. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека претресот е направен вчера со судска наредба во домот на Д.Ч (20) на улицата „Кленоец“ во периодот од 19 до 21:05 часот. Покрај марихуаната, пронајдени се и воздушен […]

Украдени 150.000 евра од експозитурата на НЛБ банка во Чаир


Сто и педесет илјади евра се одземени во вчерашниот грабеж во експозитурата на НЛБ банка во Чаир, соопштуваат од Банката. Вооружениот грабеж се случи вчера во 10:36 часот, при што беше повредени едно лице од обезбедувањето, како и двајца вработени во експозитурата, кои беа полесно повредени и се пуштени на домашно лекување. Банката продолжува да […]

Украдени 150.000 евра од банката во Чаир


Разбојниците кои вчера среде бел ден ја ограбија експозитурата на НЛБ Банка украле 150.000 евра, соопштуваат од НЛБ Банка. Засега четворицата крадци кои влегоа во банката маскирани и вооружени се во бегство, а возилото со кое избегале го запалија. Од НЛБ Банка информираат дека клиентите и вработените во банката се безбедни и во добра состојба. […]