Холандски бизнисмен убиен во тетовско Прељубиште


Државјанин на Холандија, сопственик на расадник за украсни дрвца во тетовско село Прељубиште е убиен на имотот.

Од СВР Тетово информираат дека во полицискиото одделение во Јегуновце е пријавено дека има најдено мртво тело на имотот на расадникот „Еуроплантс“.

-Полициски службеници како и јавен обвинител се заминати за Прељубиште за да започнат увид. Од увидот треба да дознаеме повеќе детали за случајот, соопштија од СВР Тетово.