По расправија со сопругот, скопјанка завршила на Ургентен


Фото: Б. Грданоски

В.М. (25) од Скопје е донесена во Ургентниот центар со убодна рана од остар предмет откако вчера попладне се самоповредила по расправија со сопругот.

Како што соопшти МВР, В.М. е повредена во пределот на абдоменот. Според нејзинот исказ, расправијата со сопругот се случила во нивниот дом по што таа се самоповредила со нож.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на натамошно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.