Битолчанец пријавил дека неговата поранешна сопруга сексуално го злоупотребувала нивното дете


Битолчанец пријавил во полиција дека неговата поранешна сопруга речиси цела година сексуално го злоупотребувала нивното дете.

Според информациите на МВР, вчера 52-годишен битолчанец пријавил дека наводно во текот на 2018 година сè до март годинава, во повеќе наврати, неговата поранешна сопруга извршила обљуба и други полови дејствија врз нивниот малолетен син.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.