Малолетник сексуално злоупотребувал дете


Фото: Б. Грданоски

Татко на нападанатото дете, во Полициската станица Чаир, пријавил дека неговото дете било сексуално малтретирано од друг малолетник.

Имено, во недлеата С.К. (33) од Скопје пријавил дека во саботата околу 21.30 часот на ул.„Б.Буна“, неговото малолетно дете Е.С. (13) било полово малтретирано од детето Ј.С.

Според наводите на пријавителот, нападот престанал кога на местото на
настанот се појавил братот на нападнатото дете, по што малолетникот Ј.С.
побегнал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на
случајот.