Изречени 692 санкции за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 692 прекршоции, соопшти МВР. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Полицијата го најде Агим Исмаиловиќ и го спроведе во Шутка


Агим  Исмаиловиќ, за кого денеска обвинителството побара притвор како еден од обвинетите во случајот „Монструм“, е пронајден од полицијата во неговиот дом и спроведен во истражниот затвор Шутка. Претходно полицијата го бараше во неговиот дом, но не го најде поради што се веруваше дека избегал. Според неговиот адвокат Насер Рауфи, тој во тој момент бил […]

Избегал Агим Исмаиловиќ, обвинет во „Монструм“, полицијата го бара


Полицијата трага по Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во „Монструм“. Исмаиловиќ денеска беше во судница на рочиште за случајот, а за него како и за Фејзи Азири, обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор бидејќи како што рече кривичната постапка е при кај. Но, наместо да бидат задржани во судот до одлука на Кривичниот совет, тие слободно […]

На технички преглед однесени 58 автобуси и комбиња, шест технички неисправни


 Во станица за технички преглед во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, во текот на вчерашниот ден се однесени 58 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници. Од МВР денеска информираа дека шест биле технички неисправни. Инаку, само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 168 мерки, меѓу […]

Одложено рочиштето за „Монструм”


Боледувањето на адвокатот Асмир Алиспахиќ, бранител на дел од обвинетите во случајот „Монструм” го одложи денешното рочиште за петкратното убиство кај Смилсковото Езеро, во април 2012. Ова е второ рочиште по ред што се одлага, откако последното не се одржа од причина што друг бранител во постапката беше во самоизолација поради коронавирусот. Случајот „Монструм” кој […]

Ново рочиште за „Таргет -Тврдина”


Со презентација на нови сведоци дека во Кривичен суд Скопје е предвидено да продолжи судскиот процес за случајот „Таргет -Тврдина”. Изминатиот период со исклучок на 3 ноември рочиштата за овој предмет беа одложени заради здравствената состојба на обвинетиот Сашо Мијалков, кој беше позитивен на Ковид-19. На последното рочиште за главниот предмет за незаконоското прислушување беа […]

Во Виница разбиена група која незаконски продавала тестови за Ковид – 19


Во Виница е разбиена група што незаконски продавала тестови за Ковид-19. МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на неговиот фејсбук профил. Тој апелира до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински […]

Украден златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение


Кражба на златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение е регистрирана во текот на вчерашниот ден. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението до медиумите информира дека вчера во 14:17 часот во СВР-Штип вработен од обезбедувањето во Клиничка болница-Штип  пријавил кражба на златен накит од починато лице на Инфективно одделение при Клиничката болница Штип. […]

Судењето за „Титаник“ ќе продолжи на 17 ноември


Судењето за случајот „Титаник“ наместо утре ќе продолжи на 17 ноември, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Причина за одложувањето е тоа што тројца од обвинетите се наоѓаат во самоизолација. Во случајот „Титаник“ освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, […]

ОЈО: Скопјанец осомничен за родосквернавење


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен дека на 9 ноември во неговиот дом, започнал да консумира алкохол, по што се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. – Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот, стои во […]

„Интермецо“ треба да плати 5.000 евра глоба затоа што ја отстраниле пломбата


Скопското Обвинителство предложи до судот да изрече глоба од 5.000 евра за управителот на кафе-барот „Интермецо“, кој ја отстранил пломбата по донесеното решение за забрана за работа. Тој е обвинет за кривично дело симнување и оштетување службен печат или знак. „Обвинетиот, на 2 ноември, во деловните простории на правен субјект на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов симнал службен знак […]

Штипјанец вербално се заканувал на медицинскиот персонал и сакал насилно да влезе на Инфективното одделение


Дваесет и деветгодишен штипјанец сакал насилно да влезе во болничката соба на Инфективното одделение, каде што од коронавирусот се лекувала негова роднина. Случајот со агресивното однесување кон целиот медицински персонал во полицијата прво го пријавил еден од вработените, а подоцна и лекарката која наместо да ги лекува пациентите трпела агресивно однесување, но и  вербални закани и […]

ОЈО поднесе обвинение против скопјанец за криење арсенал оружје, муниција и дрога во бункери


 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 24-годишен скопјанец, кој во импровизирани бункери во земја неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Импровизираните бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“ во Скопје, се откриени во текот на април годинава. […]

Во Скопје санкционирани 222 возача


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот. Притоа, само на територијата на град Скопје изрече вкупно 222 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 24 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните […]

Приведени уценувачи, барале пари од девојка за да не објават компромитирачка содржина


По добиена пријава од 19-годишна девојка дека била уценувана од две лица да им даде пари за да не објават компромитирачки содржини за неа, денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа А.С. (19) и Е.Н. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ, соопштија од Министерството […]

ОЈО за уште едно лице поднесе обвинителен акт за убиството на Саздо


По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против 21-годишен скопјанец за убиството на Никола Саздовски Саздо и достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор. -Обвинетиот, заедно со уште две лица за кои постапката беше раздвоена и за кои веќе е донесена првостепена пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, […]

Одложени две рочишта за „ТНТ“


Денешното рочиште за случајот „ТНТ“ нема да се одржи поради здравствени пречки на надлежниот обвинител, соопшти Основен кривичен суд Скопје. Одложено е и следното рочиште што беше закажано за 11 ноември, за што странките се веќе известени. Продолжението на главната расправа „ТНТ“ ќе биде закажано откако за тоа ќе бидат створени услови, информираат од Кривичниот […]

Приведени две лица за избоденото момче во Кавадарци


По наредба на ЈО, две лица се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Ова го изјави попладнево за МИА Сузана Прањиќ Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при МВР, околу случајот за кој МИА претходно информираше, кога момче од Кавадарци со две убодни рани од нож беше пренесено на […]

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож пренесено на клиника во Скопје


Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на клиника во Скопје. Д-р Ратко Грков од Итната медицинска помошво Кавадарци за МИА потврди дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и  во свесна состојба. По укажаната прва помош, момчето било […]

Радовишанец загина во сообраќајка кај Струмица


Педесет и осумгодишниот Б.К. од Радовиш вчера попладне загинал во сообраќајка која се случила на локалниот пат Струмица-село Просениково, информираа од СВР Струмица. Според полицијата, автомобилот „ауди А4“ со радовишки регистарски таблички, управуван од загинатиот, изгубил контрола и излетал од патот. На местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош од Струмица, а […]