Еден загинат и тројца повредени при излетување на возило од автопатот Куманово -Скопје

Фото: Б. Грданоски

Возачот загинал, а тројцата сопатници се повредени при излетување на патничко моторно возило со скопски регистрски ознаки на автопатот Куманово-Скопје во близина на Агино Село.

Како што информира МВР,  вчера во 23:30 часот патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Агино Село, излетало од автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село. По незгодата, возачот и сопатниците биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде кај С.Т. била констатирана смрт, а кај сопатниците Ж.Ѓ. Ф.Д. и Б.А., биле констатирани телесни повреди.

На местото на незгодата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.