На патот Тетово-Јажинце изгоре возило откако во движење започнал пожар


Изгоре возило во кое започнал пожар во моторот додека било во движење вечерва на регионалниот пат Тетово-Јажинце на делот кај селото Одри. Повредени лица нема.

-Нема повредени меѓу патниците и меѓу пожарникарите.  Ние бевме со едно возило и четворица пожарникари.  Во овој случај беше добро што успеавме да го локализираме огнот и на тој начин не се прошири. Далечината од над 20 километри беше најголема пречка за евентуална побрза интервенција. Затоа е потребно она што апелираме во руралните општини да има барем пожарникарски единици за брза и почетна интервенција, информира Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.

Според тетовската пожарникарска единица оган го зафатило возилото околу 18 часот и 30 минути кога добиле пријава по телефон.