Црногорски превозник нашол скриени мигранти во возилото


Во саботата утрото околу 8.30 часот на Граничниот премин Богородица, П.В.(34) од Црна Гора, возач на товарно возило, со црногорски национални ознаки, пријавил дека во приколката слушнал гласови.

По извршени проверки биле откриени 12 илегални мигранти (шест од Сирија и шест од Авганистан, од кои едно дете).

Мигрантите биле предадени за понатамошна постапка во Прифатниот транзитен центар-Гевгелија.