Се обиделе да прегазат полицајци и одзеле службен пиштол: Синдикатот обвинува за политичка манипулација во случајот со натепаните момчиња


Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди обидите за политичка манипулација и, како што наведува, ставањето етнички предзнак на борбата против недозволената трговија со дрога. Во објава на Фејсбук, синдикатот изнесува детали за полициската акција, наведувајќи дека осомничените лица најпрво се обиделе да ги прегазат полициските службеници, а потоа му го одзеле службеното оружје на […]

Сакале да шверцуваат питони и гуштер, ги фатиле на ГП „Богородица“


Царински службеници на граничен премин „Богородица“ заплениоле седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници биле откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин.  -Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. […]

Предупредувачки истрели на ГП„Богородица“ – спречени 15 мигранти


Вчера околу 17:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ ја забележале групата на местото викано „Ќупот“. При преземањето на мерките, полицајците испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Петнаесет мигранти биле лишени од слобода и предадени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка, соопшти МВР. Случајот е евидентиран […]

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане


Основниот суд во Куманово го осуди Трајко Бојковски на доживотен затвор за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане, пренесува порталот Кумановски Муабети. Бојковски беше обвинет за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обидите за убиство на Росанка Трајковска и […]

Малолетно девојче нападнато со тврд предмет на плоштадот во Куманово


Малолетно девојче било повредено на градскиот плоштад во Куманово, откако три лица најпрво ја навредувале, а потоа ја нападнале со тврд предмет. Случајот бил пријавен во полицијата, која презема мерки за утврдување на сите околности. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, на 8 октомври 2026 година, во 22:05 часот, М.Т. (51) од Куманово пријавил дека неговата малолетна ќерка била нападната на градскиот плоштад. Како што навел во пријавата, три лица најпрво упатувале навреди кон девојчето, по што ја повредиле со тврд предмет. Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил нападот. објавува Журнал.мк

МВР ќе спроведе внатрешна истрага по тврдењата на две лица дека биле малтретирани од полицајци


Министерството за внатрешни работи ќе го испитува случајот во кој две лица тврдат дека биле физички нападнати од полициски службеници при нивното постапување. Тие изјавиле дека полицајците им го оштетиле и автомобилот. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дела е наложено Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита […]

Притвор и куќен притвор за двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра во мандатот на Перпарим Бајрами


Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”. Основното јавно обвинителство Скопје, двете финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ ги сомничи дека како соизвршителки сториле проневера во службата, така […]

Сообраќајна несреќа на патот Тетово–Гостивар, четири лица повредени


Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а три лица со телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на патот Тетово–Гостивар, соопшти МВР. Несреќата се случила во 22:25 часот, кога патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.М.(28) од Дебар, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се […]

Старица и покрај забраната за приближување пошла во дворот на деверот и го навредувала – тој ја нападнал


Повеќе случаи на семејно насилство нотира денешниот полициски билтен, каде натепани се снаи, мајки и роднини, млада девојка, сопруги… СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.А.(36) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 03.10.2026 во Тетово, во семејниот […]

Приведен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола


Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола, јавуваат повеќе медиуми. Според неофицијалните информации, случајот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на бизнисменот Марковски. Дали станува збор за случајност или постапување поврзано со конкретниот предмет останува да покажат официјални информации во понатамошната постапка. Она […]

Повторно нападната малолетничка во Аеродром, друга снимала


Во СВР Скопје е пријавено дека малолетничка била физички нападната на подрачјето на општина Аеродром, додека друга малолетничка го снимала настанот со мобилен телефон. Според МВР, на 5 октомври во 10 часот Б.Р. (55) пријавил дека на 2 октомври неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. Во текот на настанот, друга малолетничка го […]

Директорка и шефица со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Хермес“, „Луј Витон“, „Диор“


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од […]

Стафа сега тврди дека не му дал пари на судијата Ристов


Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој издржува затворска казна откако призна вина во предметот во кој е обвинет дека како адвокат побарал и зел вкупно 50 илјади евра од сестрата на Љупчо Пецов – Ѓаволот, со цел да му ги даде на судијата Ѓоко Ристов, денеска беше спроведен од затворот „Шутка“ во Кривичниот суд. Стафа […]

Маж усмртен на автопат Градско-Велес, возачот избегал


Маж на возраст од 77 години од велешко село е починатиот пешак пронајден покрај автопат. Бил прегазен од возило чиј возач избегал. – На 05.10.2026 околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско-Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77) од село Мамутчево, велешко, по што возачот […]

Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – приведена финансиска директорка


Неколку лица се приведени при акцијата на јавното обвинителство во координација со Управата за финансиска полиција, нов случај поради сомнежи за финансиски злоупотреби во АД „Државна лотарија“.  Извори за ТВ 24 брифираат дека се преземаат дејствија, се вршат претреси во Скопје, Гевгелија, Валандово и на други локации, а се постапува по наводите во извештаите на […]

Task Force и викендов активно против недозволената трговија со дрога: 20 лица лишени од слобода


  Од 2 до 4 октомври 2026 година, припадниците на Министерството за внатрешни работи, преку координирани активности на Работниот тим – Task Force, постапуваа во 13 случаи поврзани со недозволена трговија со дрога, на подрачјето на повеќе Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи. Во рамки на преземените активности извршени се повеќе […]

Над 5.600 лица уапсени во акцијата „Чистач“


Повеќе од 5.600 лица биле лишени од слобода во рамки на оперативната акција „Чистач“, која Министерството за внатрешни работи ја спроведува од септември 2024 година на целата територија на Македонија. Акцијата се реализира преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Секторите за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи, а е насочена кон […]

Безобѕирно управувале возило и возеле без положен возачки испит: МВР лиши од слобода 12 возачи


Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, деветмина од нив управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.Д. (26) од Скопје, М.Б. (29) од село Црн […]

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори […]

Газда Деко останува во притвор: Судот определи нов 30-дневен притвор во истрагата за давање поткуп


Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи 30-дневен притвор за Д.Ј. од Кочани, осомничен за кривичното дело „Давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик, пренесе МИА. Од Судот соопштија дека одлуката е донесена по предлог на Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по […]