Седум пријави за семејно насилство денеска: Тепани сопруги и сопрузи, но и ќерки


Уште седум нови случаи на семејно насилтво нотира денеска полицискиот билтен, при што во два случаи пријавени се жени кои агресивно се однесувале кон своите сопрузи. Во друг случај, жена е малтретирана од повеќе членови на семејството на сопругот, а тепани се и сопруги од своите сопрузи..  Вчера, во 21:15 часот во Гостивар, полициски службеници […]

Приведени две малолетнички, кои во Центар малтретирале и снимале друга малолетничка


Малолетнички малтретирале друга малолетничка во Центар, а притоа и снимале со мобилен телефон. Вчера, во 19:50 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:10 часот пресретнале друга малолетничка, при што едната од нив физички ја нападнала, […]

Пропусти при обезбедувањето на доказите во случајот „Ристов“, вештак посочува можност за туѓа ДНК


Со сведочење на вештото лице од областа на криминалистиката, Атанас Козарев, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот. Козарев посочил пропусти во постапката за обезбедување и ракување со доказниот материјал при претресот во домот на родителите на Ристов во Неготино, извршен на 18 […]

Работел непријавен, без обука и заштита: Две лица и фирми обвинети за смртта на работникот во Охрид


Две физички лица и две компании ќе одговараат пред суд за трагичната смрт на работникот Кристијан Љушев, кој го загуби животот откако падна во необезбедено лифтовско окно во зграда во изградба во Охрид. Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинителен предлог за повеќе кривични дела, оценувајќи дека сериозните пропусти во безбедноста на градилиштето придонеле за несреќата. […]

ОЈО: Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид


Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против две физички и две правни лица за  Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, Предизвикување општа опасност по член 288 став 5, Повреда на правата од работен однос по член 166 и […]

Дојави за бомби во тетовски училишта


Дојави за поставени бомби биле испратени до три основни училишта во Тетово, меѓу кои „Илирија“, „Мариф“ и „Јахја Кемал“. Информацијата предизвика вознемиреност, а надлежните институции треба да постапат според утврдените безбедносни процедури и да ги проверат наводите. Засега нема дополнителни информации за содржината на дојавите, ниту за тоа дали при проверките се пронајдени сомнителни предмети.

Повеќе од 10 пријави за семејно насилство во еден ден: Мајка, чичко, очув, татко, тепале деца


Денешниот полициски билтен, повторно ни го отсликува македонското секојдневие во кое деца се тепани од своите родители, но и од очув и од чичко, жени се тепани од мажите, а татковци и мајки, од синовите… Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(49) од пробиштипско поради постоење основи на сомнение за сторено […]

Пожар во гаража на трговски центар во Ѓорче Петров


Пожар избувнал во гаражата на трговскиот центар КАМ во скопската населба Ѓорче Петров. Според првичните информации, станува збор за запалено возило во гаражниот простор на трговскиот центар. Засега нема дополнителни информации за причините за пожарот и евентуална материјална штета.

Обвинение за девет полицајци од Велес, не постапувале по пријавите на Росица за насилство


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење […]

Осум месеци затвор и парична казна за Игор Дашковски Стојановски кој ги запали возилата на Бугарската амбасада


На осум месеци затвор и парична казна од 3.300 евра е осуден 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски, кој во јуни годинава запали две дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје. Пресудата е донесена откако обвинетиот ја признал вината за кривичното дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита. Во текот на судската постапка тој изјавил дека […]

Во Скопје силувани две деца под 15 години, тепачки меѓу мајки, ќерки, синови…


Полицискиот билтен и денеска изобилува со семејно насилство, а најдрастични се случаите на силување деца кои не наполниле 15 години.  СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови […]

Коски за кои постои сомнение дека се човечки пронајдени во двор на куќа во Струмица


Необично откритие во Струмица предизвика реакција на полицијата, откако жител пријавил дека во дворот од својот дом пронашол коски кои наликувале на човечки останки. Случајот бил пријавен вчера во 17:40 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица. Според пријавата, коските биле откриени на улицата „Солунска“, додека сопственикот вршел ископувања во дворот на куќата. На местото […]

Притвор од 30 дена за Корабоски


Основниот суд во Охрид му одреди 30-дневен притвор на 31-годишниот Кристијан Корабоски, осомничен за физички напад врз неговата 26-годишна партнерка Сара Ѓ. Против него се води постапка за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Според информациите од Обвинителството, при вршење семејно насилство, осомничениот наводно противправно ја затворил партнерката, […]

Со сведочење на ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со сведочење на ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На последното рочиште, вештото лице од Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, изнесе низа забелешки за методологијата и опфатот на вештачењата нарачани од одбраната на првообвинетиот, оценувајќи […]

Поднесено обвинение за три кривични дела против напаѓачот на девојката во Охрид, побаран и притвор


Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад врз неговата девојка товарејќи го за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Од Обвинителството информираа дека обвинетиот, при вршење семејно насилство, противправно ја затворил оштетената, физички ја нападнал, ѝ нанел телесни повреди и ја загрозил […]

Битолчанецот осомничен за семејно насилство кој избега од станицата низ прозорец денес се предаде на полицијата


Дваесет и четиригодишниот К.У., кој минатата недела избега од полициската станица преку прозорец во Битола додека полицајците се обидувале да го лишат од слобода по пријава за семејно насилство, денеска доброволно се предал во СВР Битола. Неговата 21-годишна партнерка претходно пријавила дека подолг период била изложена на физичко и психичко насилство и закани од негова […]

Пронајдени и уништени 2.262 гранати кај Тумбе Кафе во Битола


Процесот на откупување и безбедно отстранување на поголем број на неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби од Првата светска војна во непосредна близина на последните куќи во Битола кај Тумбе Кафе околу 200 метри воздушна линија најпосле е завршен, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пиротехничарите на дирекцијата за заштита и спасување последните денови ја […]

Кривична пријава за насилникот од Охрид, Савески најавува итно постапување


  Поднесена е кривична пријава против насилникот од Охрид, кој си ја претепа девојката и ѝ нанесе тешки телесни повреди – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. „СВР Охрид поднесе кривична пријава против К. К. на возраст од 31 година од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда […]

Девојка претепана од дечкото до онесвестување во Охрид заврши во болница


Девојката која била претепана од своето момче во Охрид, според неофицијални информации, е хоспитализирана во здравствена установа за коскено-зглобни заболувања во градот, дознава „Слободен печат“ од неофицијални извори. Според информациите до кои дојде „Слободен печат“, напаѓачот претходно ѝ го скршил и телефонот. На нападот, наводно, му претходела расправија, откако тие излегле од дискотека, во која […]

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава


На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во […]