Кривична пријава против две лица, го оштетите Буџетот за над 23 милиони денари
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица, едно во својство на ополномоштено лице и едно како сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик, пренесе МИА.
Според пријавата, првопријавениот Т.П., како ополномоштено лице, во соработка со второпријавената З.П., сопственик и управител на третопријавеното правно лице кое е во стечај, во текот на 2022 и 2023 година преземале дејствија со намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, избегнувајќи ги законските даночни обврски.
Во даночниот биланс за 2023 година, исто така, не ги прикажале застарените обврски во износ од 148.489.312 денари како приходи. Според пријавата, неосновано присвоиле и трговска стока евидентирана на залиха, во вредност од 14.937.751 денари, без да ги подмират соодветните даночни обврски.
Со овие дејствија, осомничените избегнале пресметување, пријавување и плаќање данок на личен доход, данок на добивка и данок на додадена вредност во вкупен износ од 23.252.988 денари, со што, според Финансиската полиција, го оштетиле Буџетот на Македонија.