Уапсени поради семејно насилство, повеќе пријави во последното деноноќие


Повеќе случаи на семејно насилство пријавени се во последното деноноќие, а дел од насилниците се приведени, стои во полицискиот билтен.

На 08.11.2026 во 23:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Л.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 13-годишен син. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.10.2026 во семејниот дом, пријавениот упатил закана кон неговата 52-годишна мајка.

На 08.11.2026 во 17:35 часот во ОВР Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.Д.(35) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 70-годишен татко дека околу 16:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ги нападнал него и неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против Х.Д. ќе следува соодветна пријава.

На 08.11.2026 во 23:20 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода П.А.(24) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 49-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом по претходна расправија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 08.11.2026 во 16:35 часот на ул.„Славејко Арсов” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Е.Џ.(24) од Ресен затоа што физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.11.2026 во 22:20 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, околу 21:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и нивните малолетни деца. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.