Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“


  Со продолжение на доказната постапка во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица. Јавното обвинителство на едно од претходните рочишта презентираше обемна документација поврзана со работењето на АД „Државна […]

Судење за „Пулс“: Родителите реагираа на исказ на вештак на одбраната по што беа отстранети од салата


На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше вештото лице и технички советник од областа на градежништвото Петре Русевски, предложен од првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката, кој изјави дека закупецот на просторот не презел градежни активности што би можеле да се квалификуваат како реконструкција на објектот, туку извршил градежно-занаетчиски зафати и ентериерно уредување […]

Тешко повредена охриѓанка – била претепана пред деловен објект


    Вчера во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.А. врз Д.Ј.(47), двајцата од истото село, при што Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. По целосно документирање […]

Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, Обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување


Битолското обвинителство поднесе обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти под обвинение за несовесно лекување на 40-годишна пациентка, на која и ја влошиле состојбата по што починала. -Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.  На минатото рочиште заврши изведувањето на доказите на […]

Дејан Јованов во сабота излегува од притвор


Во сабота, Дејан Јованов Деко, првообвинет за смртта на 63 лица во дискотеката Пулс излегува од притвор.Судот на 3 октомври ќе одлучи какви мерки ќе донесе за обезбедување на неговото присуство на рочиштата. Неговата одбрата најави дека ќе поднесе гаранција во имот од околу 200.000 евра, за јавноста да биде уверена дека тој нема да […]

Малолетник во Матејче прободен од врсници


Двајца малолетници од село Матејче, липковско, биле лишени од слобода откако со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се здобил со тешка телесна повреда. – На 29.09.2026 во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од село Матејче, липковско, затоа што во истото село со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се […]

Снајперски пушки и знамиња со ИСИС: Уапсени шест лица за тероризам во Скопје


Шест лица се уапсени во Скопје и околината под сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот, во голема акција на МВР и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на повеќе локации. Акцијата се спроведува под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а од […]

Серискиот убиец од Старо Нагоричане е со ограничен фонд зборови, но не е психијатриски случај: Бојковски призна три од четирите убиства


Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагричане, обвинет за четири убиства на жени на подрачје на Старо Нагоричане и два обидa за убиство.Од денешната главна расправа во предметот против Трајче Бојковски, на предлог на обвинителот Љубомир Лапе, обвинителството и одбраната го испитуваа вештото лице, специјалист психијатар и форензички […]

Акција на повеќе локации во Скопје – се ловеле терористи?


Во акција на повеќе локации на територија на Скопје приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот, потврдуваат за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.  Акцијата ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност под раководство на јавен обвинител од […]

Четири жени пријавиле насилство од своите сопрузи или поранешни партнери


Четири жени од Скопје и Неготино, последните 24 часа пријавиле некаков вид насилство, извршено врз нив, од страна на нивните сопрузи или поранешни партнери.  На 26.09.2026 околу 15:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Д.(44) од Скопје. Тој, претходно физички ја нападнал неговата 42-годишна сопруга, а […]

Ноќеска во 3 часот, се тепале млади од 17 до 20-годишна возраст – полицијата ги приведе


Ноќеска, во 3 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.Е.(19), Г.С.(19), И.Р.(20), А.М.(20). Л.Ѓ.(19), А.А.(19), В.Г.(19) и Ж.А.(20) и шест 17-годишници, сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна  физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп според член 357 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничената 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, како службено лице – инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 […]

Автобус излетал од патот кај Тетовско Стенче (видео)


Автобус излетал од патот денес околу 13:30 часот во близина на Стенче во Тетовско, јавува ТетовоИнфо. Според првичните неофицијални информации возилото било празно, немало патници во моментот на незгодата, сведочат граѓани. Официјални информации се чекаат од СВР Тетово.

Ученик нападнат со остар предмет од соученик во тоалет во училиште на подрачјето на Бит Пазар


Четиринаесетгодишен ученик бил нападнат со остар предмет од свој соученик во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи.  Случајот го пријавила мајката на жрвтата.  -Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот, Ф.А.(43) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на […]

Шестгодишно дете нападнато, соблечено и снимено со телефон во соблекувална во училиште во Кочани


Шест и полгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани. Случајот на 24 септември во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето. Според пријавеното, во настанот биле вклучени неколку малолетни деца, повозрасни од неговото дете. „На […]

(Видео) Деца запалија дрво во сред Капиштец, МВР истражува што се случило


На 24 септември околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк во скопската населба Капиштец малолетно лице фрлило пиротехничко средство, по што избувнал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  Синоќа, Фејсбук групата „За […]

Дедо сечел топола во Радовишко, гранка го убила неговиот пријател


Вчера во 12:30 часот во радовишкото село Ораовица, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Т.Б.(73) од Радовиш, се наведува во полицискиот билтен. Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, […]

Шлепери со шверцувани цигари слободно си поминувале на ГП „Богородица“


Oрганизиран систем за шверц на цигари со кој е причинета штета на државниот буџет од над 377 милиони денари, односно над 6,1 милиони евра, откриен е од Царината во соработка со ОЈО ГОКК и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР. „Во три од вкупно седум […]

Љупчо Пецов – Ѓаволот е осуден на условна казна од две години, откако признал вина


Пресудата со која Љупчо Пецов е огласен за виновен е правосилна од 21 септември 2026 година, откако странките не вложиле жалба, информираат од Кривичниот суд. Пресудата била донесена на 24 август годинава врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот. Со неа, на Пецов му е утврдена казна затвор во траење од две […]