Нови детали за за трагедијата кај Богданци: Момчето било пријавувано за насилство кон девојката
21-годишникот чие тело беше пронајдено до запален автомобил во кој противпожарните служби по гаснењето пронашле тело на 17-годишна девојка кај Богданци бил пријавуван за загрозување на сигурноста.
Пријавата, според Обвинителството е од 16 октомври, а имало и граѓанска постапка.
-Има пријава за загрозување на сигурноста од 16.10 по која веднаш започна да се постапува, а во меѓувреме во граѓанска постапка на лицето му биле определени мерки за заштита од семејно насилство, велат од ОЈО.
Според првичните сознанија на истражните органи, постојат индиции дека станува збор за убиство и самоубиство, но од Обвинителството нагласуваат дека сите околности допрва треба да бидат испитани.
„Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“, наведуваат од Јавното обвинителство.
Истрагата треба да ги утврди точниот тек на настаните и околностите под кои настапила смртта на лицата.