Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир


Тепачката се случи на 31 август околу 22 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“, при физичка пресметка меѓу две групи. Во инцидентот учествувале пет лица, од кои четворица биле малолетници и едно полнолетно лице. Според тогашните информации од Министерството за внатрешни работи, во пресметката биле употребени ножеви. Полицијата по инцидентот одзела три ножа, гумена палка и […]

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на тик-ток, профилот бил на 14-годишник од Тетово


Полицијата го расчисти расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „ТикТок“, на која се гледа палење на македонското знаме, со  што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на […]

Операција „Филтер“: Царината разбива организиран шверц на цигари, под лупа шпедитери, транпортери…


Во тек е операцијата „Филтер“ на Царинската управа за разбивање сложен организиран систем за шверц на цигари. Во акцијата се опфатени шпедитерски, транспортни и увозни компании, физички лица, но и полициски и царински службеници. Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со МВР, Бирото за јавна безбедност и […]

Малолетен внук ја натепал бабата во Берово и уште куп семејни насилства


Полицискиот билтен изобилува со тепачки и семејни насилства, а можеби најраматичен е случајот каде баба го пријавила својот 15-годишен внук кој ѝ нанесол повреди.  Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 15-годишник од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 19.08.2026, пријавениот физички ја нападнал […]

Судење за „Државна лотарија“: Обвинителството презентира докази за злоупотреби – за одбраната тие се нејасни и контрадикторни


Со читање на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами. На денешното рочиште, Обвинителството презентираше обемна документација поврзана со основањето на заедничкото друштво со […]

Уапсени пет лица: Битолчанец подметнал пожар на подземни контејнери во Центар, четворица запалиле огномет на нива


Во два одделни случаи во Скопје, полицијата привела пет лица поради сомнение дека предизвикале пожари, информира Министерството за внатрешни работи. На 22 септември во 13:15 часот, во близина на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П. (63) од Битола. Според МВР, тој бил забележан околу […]

Мистерија околу тешките повреди на 35-годишен штипјанец: Паднал од кревет или бил нападнат од болничар


35-годишен штипјанец бил пренесен со тешки повреди на скопските клини, а причините, според самиот пациент и неговиот татко се различни. Повредениот рекол река бил нападнат од болничар, а на таткото му било кажано дека син му паднал од кревет.  – На 21.09.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е […]

Сузбиена криминална група, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и други предмети


Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Одделот за специјални полициски операции- Единицата за брзо распоредување, под раководство на ОЈО ГОКК во текот на вчерашниот ден спроведоа полициска акција за сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и коруптивни кривични дела, во рамки на која врз основа […]

Во Гостиварско, 60-годишник пронајден мртов, полицаец паднал во шахта при увидот


Во текот на вчерашниот ден, 45-годишна жена од селото Равен пријавила во ОВР Гостивар дека нејзиниот сопруг А.А. (60) заминал на работа во Гостивар околу 7 часот, но не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици. По преземените мерки од страна на полициските службеници, А.А. бил пронајден починат околу 00:20 часот на 22 […]

Во голема полициска акција се гонат криумчари


Полициска акција насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и извршување на коруптивни кривични дела, се спроведува денеска од утринските часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал […]

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина


Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти детали за вчерашната акција за извлекување на безживотно тело од Шар Планина, на надморска височина од околу 2.500 метри.  Станува збор за 74-годишниот А.С. од тетовско Џепчиште, кај кого по извршените прегледи е констатирано дека се работи за природна смрт. Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е […]

Во Грција уапсен македонски државјанин баран со европска потерница од италијанските власти


При влез во Грција, на граничниот премин Евзони, во саботата бил уапсен 46-годишен македонски државјанин по кој италијанските власти имале распишано европска потерница поради случај поврзан со трговија со дрога во 2007 година, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според државната новинска агенција АНА-МПА, преку европската потерница италијанските власти бараат екстрадирање на […]

Крадци пустошеле низ Боговиње – однеле и сеф тежок 400 кг


Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против четири лица осомничени за продолжено кривично дело – тешка кражба. Според обвинителството, осомничените во периодот од април до септември годинава извршиле серија кражби во повеќе села на подрачјето на Општина Боговиње. Тие, како што е наведено, провалиле во повеќе од 10 куќи, од каде што одзеле пари, златен […]

Дејан Јованов, газдата на „Пулс“, нуди имот вреден околу 200.000 евра како гаранција дека нема да избега


Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани и првообвинет во судскиот процес за пожарот во кој загинаа 63 лица, нуди недвижен имот како гаранција дека ќе остане достапен за судот и нема да избега доколку му биде укинат притворот, објави Слободен печат. Според информациите што ги објави „Слободен печат“, вредноста на недвижниот […]

Загинатата 17-годишна девојка во несреќата кај Битола е Ивана Недановска


Седумнаесетгодишната девојка која го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа на патот Битола–Прилеп е Ивана Недановска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола. Од неа денеска со потресна порака се простија нејзиното училиште, соучениците и наставниците. „Смртта го прекинува животот, не и присуството“, порачаа од гимназијата, опишувајќи ја празнината што останува по прерано […]

Фалсификувале возачки дозволи: Кривични пријави за шестмина, тројца се во бегство


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против шест лица во предметот што се однесува на фалсификување возачки дозволи, соопшти денеска Јавното обвинителство. Според обвинението, шестемина се товарат за продолжено кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи како […]

За еден ден уапсени 16 лица, кај сите била пронајдена дрога


Вкупно 16 лица се лишени од слобода во одделни полициски акции спроведени во текот на вчерашниот ден и ноќеска на повеќе локации низ државата, откако кај нив при преглед биле пронајдени и одземени марихуана и прашкасти материи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.С. (35), […]

Три лица под истрага, кај депонијата „Буково” гореле отпадни кабли


Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.  Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли […]

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември


 Судењето за „Државна лотарија“ продолжува на 23 септември со доказна постапка, читање докази од страна на Обвинителството, откога во Основниот кривичен суд Скопје првообвинетиот поранешен директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, денеска изјави дека не се чувствува виновен.  Судот на денешното рочиште одлучи доказите да се изведуваат како што предложи Обвинителството, со нивно читање и […]

Перпарим Бајрами тврди дека не е виновен за случајот „Државна лотарија“


Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, изјави дека не се чувствува виновен за случајот „Државна лотарија“ на денешното судење во Основниот кривичен суд Скопје. На судењето што почна изминатата недела сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој на првото рочиште сѐ уште беше недостапен на органите на прогонот, и […]