Француски државјанин починал на Клиниката за кардиохирургија во Скопје
Вчера во 10:04 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на Клиниката за кардиохирургија починал Б.Х.Г.В.П.(72) од Франција, а со престој во хостел на подрачјето на Бутел.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тој претходниот ден бил донесен во тешка здравствена состојба на Клиниката.
По насока на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Судската медицина за обдукција.