Малолетник натепан од мајка му и сестра му, во Гостивар: Бил употребен и тврд предмет
Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз нејзиниот малолетен внук, од страна на неговите мејка и сестра.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера во 14:50 часот, 45-годишна жена од Гостивар пријавила дека претходната вечер, околу 23:30 часот, по расправија, нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од мајка му и сестра му.
Притоа, сестрата употребила тврд предмет.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.