Татко пријавил дека неговата ќерка била допирана од соученик на голем одмор во Центар
Место голем одмор да искористат за јадење, ученик допирал по телото соученичка, а случајот во полиција го пријавил таткото. Ова се случувало во училиште во Општина Центар, вчера.
Според полицискиот билтен, во средата, во 14:30 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(36) од Скопје пријави дека околу 9:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште, додека била на голем одмор, малолетник од истото училиште ја допирал по телото.
Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.