Тинејџерка пријавила психичко и физичко насилство од родителите


Шеснаесетгодишна девојка од Скопје пријавила дека била изложена на семејно насилство од нејзините родители, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, вчера во 9:30 часот полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со нејзините родители, на возраст од 53 и 54 години.

Девојката пријавила дека нејзиниот татко физички ја нападнал во семејниот дом, додека мајка ѝ подолг временски период психички ја вознемирувала.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.