Маж и девојка биле агресивни кон полицаец во казино


Ноќеска, 25 минути по полноќ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа В.Ц.(30) и 23-годишната М.П., двајцата од Скопје, затоа што во казино на подрачјето на Центар се однесувале агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.