МВР: Изречени 88 казни за брзо возење во Тетово


МВР денеска во Тетово продолжи со засилените контроли во областа на сообраќајот, со цел ставање ред на патиштата и улиците во државата. При контролите на територија на Тетово, на автопатиштата Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар во текот на вчерашниот ден има изречено 88 мерки за возење со брзина поголема од дозволеното. -Засилените контроли …

МВР: Изречени 88 казни за брзо возење во Тетово Read More »

Со автомобил удрил во пешак во Кичево


Во саботата, во 21.50 часот во Кичево, на ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „фиат мареа“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.К. (54) од с.Другово, Кичевско удрило во А.М.(61) од с.Шутово, Кичевско. По незгодата А.М. е пренесен во Медицински центар-Кичево каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа …

Со автомобил удрил во пешак во Кичево Read More »

За неносење маска 385 санкции


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се  385 прекршоци. Министерството за внатрешни работи и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. 

Во Центар 88 санкционирани возачи, 14 без возачка 


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Центар изрече вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции. За технички неисправни и нерегистрирани возила изречени се пет санкции, а седум за користење мобилен телефон. Од МВР информираат …

Во Центар 88 санкционирани возачи, 14 без возачка  Read More »

Приведени 97 странски државјани кои работеле непријавени и без регулиран престој на објекти во Скопје


Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани …

Приведени 97 странски државјани кои работеле непријавени и без регулиран престој на објекти во Скопје Read More »

Маж пронајден починат во водите на Пчиња кај Катланово


Во близина на мостот на автопатот Велес – Катланово, во водите на реката Пчиња, бил пронајден починат С.П.(73) од Катланово. Седумдесет и тригодишниот маж бил пријавен дека се оддалечил од дома на 20 јануари 2021. Како што соопшти МВР, за пронајденото тело било пријавено вчера во 13.56 часот во СВР Скопје. Смрт констатирал лекар од …

Маж пронајден починат во водите на Пчиња кај Катланово Read More »

Тетовец ги тепал сопругата и ќерката, тие го пријавија


Во петокот, во 21 часот во Полициската станица Тетово, 35 – годишна жена од тетовско село пријавила дека околу 18.00 часот во нивниот дом, нејзиниот сопруг Т.М.(35) физички ја напднал неа и нивната ќерка и оштетил дел од покуќнината. Тој бил приведен во полициски станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде …

Тетовец ги тепал сопругата и ќерката, тие го пријавија Read More »

По пожар во Охрид, семејството во болница


Цело семејство од Охрид е пренесено во болница поради вдишување чад откако избувнал пожар во нивниот стан. Според информациите на полицијата, вчера околу 07 часот бил пријавен пожар во стан на улицата „Карпош Војвода“, сопственост на К.Џ.(70) од Охрид. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а К.Џ. и неговото семејство поради …

По пожар во Охрид, семејството во болница Read More »

Четири возила се судрија на „Рузвелтова“, двајца повредени


Во петокот, во 21.15 часот на крстосницата од бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале три возила. Имено, се судрија патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(24) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(39) од Скопје, патничко возило …

Четири возила се судрија на „Рузвелтова“, двајца повредени Read More »

Со камион удрил во пешак во Скопје


Во петокот, во 14 часот на ул.„Фуштанска“ во Скопје, товарно возило „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од с.Црешево, удрило во пешакот Ш.Б.(52) од с.Орланци, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.Б., констатирани во Градската ошта болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.   Истион ден, во …

Со камион удрил во пешак во Скопје Read More »

Пожар во средно училиште во Драчево


Во четвртокот, околу 7.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во работилница во средно училиште во нас.Драчево настанал пожар, при што биле опожарени  компјутери и документи. Пожарот е изгаснат од противпожарна екипа од Скопје.

Судот прифати дополнителни докази за случајот „Таргет – тврдина“


На денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ во Основниот кривичен суд во Скопје, Обвинителството и одбраната изнесоа предлози за дополнителни докази кои произлегуваат од главната расправа, кои Судот ги прифати. Одбраната предложи како дополнителен доказ вештакот Ѕвонко Кочовски да даде вештачење колкава е вредноста на системот за следење на комуникации на денот на неговото уништување. Како …

Судот прифати дополнителни докази за случајот „Таргет – тврдина“ Read More »

Обвинителен акт и притвор за 11 лица за организирање и поттикнување на трговија со луѓе


По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, достави Обвинителен акт против 11 лица. На лицата им се става на товар дека во периодот од декември 2019 година до октомври 2020 година во повеќе наврати како организатори или членови …

Обвинителен акт и притвор за 11 лица за организирање и поттикнување на трговија со луѓе Read More »

Пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога, запленети околу 40 кг марихуана


Полицијата вчера пресече меѓународен канал за транспорт на околу 40 килограми марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Северна Македонија. Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, како што соопштија денеска од МВР, на бул.„Јадранска магистрала“, на …

Пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога, запленети околу 40 кг марихуана Read More »

Обвинение заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје​


 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје, против 28-годишен скопјанец кој го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. – При извршен претрес на 24 декември, во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, кај обвинетиот биле пронајдени 54,76 грама марихуана, 0,8 …

Обвинение заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје​ Read More »

Завршни зборови на „Монструм”: Обвинителката Фетаи не отстапи од обвинението за тероризам


 По пет часа на завршниот збор за случајот „Монструм”, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара …

Завршни зборови на „Монструм”: Обвинителката Фетаи не отстапи од обвинението за тероризам Read More »

Фетаи во завршен збор за „Монструм“: Обидот на одбраната за поврзување на случајот со структури на МВР е целосно неточна теза


Обидот на одбраната за поврзување на возилото „опел омега“ и целата операција со структури на МВР, е целосно неточна теза и од правно-фактички и од правно логички-аспект, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови за случајот „Монструм“. Според Фетаи, ваквите обиди целосно паѓаат со исказите на сведоците и изнесените докази во текот на постапката. …

Фетаи во завршен збор за „Монструм“: Обидот на одбраната за поврзување на случајот со структури на МВР е целосно неточна теза Read More »

За насилство да одговараат момчињата што се закануваа на патници во автобус на ЈСП


Скопското обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина. Тие се обвинети дека на 5 ноември 2020 година, околу 17.30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на возачот и на патниците …

За насилство да одговараат момчињата што се закануваа на патници во автобус на ЈСП Read More »

Кривична против поранешен член на управен одбор на АД МЕПСО за несовесно работење


Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен член на Управниот одбор на АД МЕПСО за несовесно работење во службата, бидејќи како одговорен проект менаџер потпишала и потврдила прием и имплементација, а со тоа и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако …

Кривична против поранешен член на управен одбор на АД МЕПСО за несовесно работење Read More »

Казнети 358 лица за неносење маска


Регистрирани се 358 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи и во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.