Во пожар во неговата куќа, повреден старец


Во петокот, во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„Роберт Кох“ во стан сопственост на Ј.С.(71) настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а со повреди се здобил сопственикот на кого му е укажана лекарска помош од итна медининска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Во три одделни сообраќајки повредени повеќемина


  Во три одделни сообраќајни незгоди што се случиле низ Македонија вчера, повредени се повеќе лица, кои завршиле во болница. Имано, на локалниот пат Зрновци – Лески вчера околу 11 часот, трактор „имт-540“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(68) од село Зрновци излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката […]

Пожар на Институтот за радиологија во Клинички центар


Пожар избувнал попладнево на Институтот за радиологија на Клиничкиот центар во Скопје. Од противпожаната слуќба за МИА информираат дека дојавата за пожарот е примена во 13.55 минути и дека против-пожарната екипа се уште е на терен. Оттаму додаваат дека на интервенција се пратени осум противпожарни возила со околу 15-тина пожарникари.

Донесле 39 Тајванци да вршат телефонски измами од Бардовци, им ги зеле пасошите и ги тепале


Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Национална единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и Одделот за криминалистичка полиција сузбија криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација на државјани на Тајван, при што се приведени девет лица-државјани на Тајван. Криминалната група функционирала […]

Гостиварец ги нападнал поранешната сопруга и синот


 Гостиварец е лишен од слобода откако бил пријавен дека физички ги нападнал поранешната сопруга и нејзиниот малолетен син. Полицијата работи на расветлување на овој случај и мотивите за пријавеното насилството. Според СВР Тетово, доцна синоќа (28.05.2021) во 2.30 часот во Полициската станица Гостивар, 45-годишна жена од Гостивар пријавила дека претходниот ден нејзиниот сопруг Х.Ф. физички […]

Претоварени автобуси се движеле кон Охрид непочитувајќи ги здравствените прописи против Ковид-19


Службеници од Полициската станица за БПС – Кичево утрово на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Другово извршиле контрола во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар, при што било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75 проценти исполнетост на капацитетот на возилата, односно не биле почитувани мерките за […]

Во три одделни сообраќајки прегазени двајца пешаци и еден велосипедист


Во три одделни сообраќајни незгоди на територијата на републикава повредени се двајца пешаци и едно дете – велосипедист. Имено, во четвртокот, во 1.:45 часот на ул.„Карпош Војвода“ во Охрид, патничко моторно возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(28) од Охрид, удрило во велосипед кој го управувал малолетник од Охрид. Во незгодата, со тешки […]

Ристовски: Исказот на Александар Василевски – Нинџа е невистинит


 Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, обвинет како еден од организаторите на насилните настани во Сибранието на 27 април 2017 година при својота одбрана во суд, рече дека исказот на Александар Василевски – Нинџа, што се однесува до него е невистинит. – Станува збор за невистинит исказ од лицето Александар Василевски – Нинџа. На денот […]

Спиро Ристовски ќе даде исказ за настаните од 27 април


По двомесечни одложувања на рочишта за „Организаторите на 27 април” денеска во Кривичниот суд Скопје, предвидено е исказ да даде обвинетиот Спиро Ристовски. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението на денешното рочиште е обвинителката Катерина Коларовска. Последното рочиште за овој случај беше одржано на 25 март. Обвинети во овој предмет се […]

Во подрум во Велес најден обесен човек


 Во Велес во подрум на семејна куќа на улица „Андон Шурков“ е најден обесен 87 годишен старец,чие тело го нашол член на семејството. Екипа на Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес која дошла на местото на настанот само констатирала смрт, информира за МИА д-р Василка Пановска Попстефанова началник на Службата за Брза помош. Од […]

Кривична пријава за загадување на Дебарско Езеро


ОВР Дебар поднесе кривична пријава заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ и за „несовесно работење во службата“. Според пријавата, на 19.03.2021 било испуштено употребено моторно масло во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското езеро.

Во Јурумлери се славело со пејачка, полицијата ги прекина


Во средата во 21.50 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во координација со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Јурумлери, скопско, сопственост на А.Ш.(39) од истото сел. При контролата било констатирано дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка (музика во живо), со што […]

ОЈО Гостивар поднесе обвинение за кривично дело силување


 Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар. – На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека […]

Пронајдена дрога, приведени две лица


Полициски службеници од Кичево синоќа лишиле од слобода две лица од Скопје и Велес, откако кај нив е пронајдена и одземена марихуана, соопшти денеска МВР. – Синоќа во 22:00 часoт на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициски службеници од ПС за БПС Кичево ги лишиле од слобода Г.Н. (26) од Велес и М.С. (32) од Скопје. При […]

(Во живо) Завршни зборови на одбраната во случајот ,,Тортура”


Одбраната и обвинетите во случајот ,,Тортура”, каде обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд Скопје, ќе ги дадат завршните зборови. На последното рочиште јавниот обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за обвинетиот Мијалков и шесте припадници на единицата Алфа, кои се товарат дека во 2011 година на нечовечки и […]

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Пинтија


Малолетник од Скопје, кој управувал електричен тротинет „хамачи“ е тешко повреден во сообраќајќа што се случила вчера во скопската населба Пинтија. Како што соопшти денеска МВР, сообраќајката се случила синоќа, околу 18.30 часот на крстосница од улицата „Саса“ и улицата „Јабланица“ во населба Пинтија, меѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано […]

Во Скопје над 36 отсто од казнетите возеле побрзо од дозволеното, над 5 отсто без возачка дозвола


На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции (или нешто повеќе од 36 отсто), а 11 (околу 5 отсто) за возење без возачка дозвола. Од МВР соопштија дека се изречени четири санкции за користење мобилен телефон и 15 […]

Пронајден хероин, кривична пријава против три лица


Поднесена е кривична пријава против три лица од Скопје кај кои при претрес над нив пронајдени се 60 грама хероин и марихуана. Од МВР соопштија дека во село Кадрифаково, светиниколско од полициски службеници од ПС за БПС Штип биле лишени од слобода М.Ф.(27), Ф.Р.(40) и Љ.И.(25), сите од Скопје, бидејќи при извршен преглед над нив […]

Прилепчанец пријавил полов напад врз неговото дете


 Жител од прилепско село вчера пријавил дека постои основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник“, извршено врз неговото дете, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите на МВР, таткото пријавил во полиција по кажување на детето дека на точно неутврден датум, И.Н. помогнат од уште едно лице, од село Црниште извршиле полов […]

Двајца повредени во сообраќајка во Кичево


Две лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улица „Гоце Делчев“ во Кичево. Сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.А.(48) од гостиварското село Врапчиште и „Рено Клио“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Л.Б(.54) од село Колибари, Кичевско. -При оваа […]