Пребрзо возеле 627 возачи


Вкупно 627 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден за возење со брзина над дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи по спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија. Од нив, 135 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над […]

Македонски државјанин уапсен во Драч со 300 килограми кокаин


Околу 300 килограми кокаин се запленети во Драч при контрола на македонскиот камион. Камионот превезувал железо, соопшти албанската полиција, цитирана од РТС. Кокаинот бил скриен во шасијата на камионот. Полицијата го уапсила возачот на камионот, македонски државјанин.  

Тетово: 67 возачи возеле со брзина преку 50 километри на час над пропишаната


СВР Тетово денеска од 9 до 16 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 74 возачи. Од нив 67 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а седуммина за дури над 70 километри на час над […]

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија


Триесет и осумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија. Во соопштениоето на СВР-Штип се вели дека синоќа во 23:41 часот во СВР Штип било пријавено оти во место викано Манастирче, атар на село Чардаклија, штипско, бил пронајден починат 38-годишниот М.Е. од Штип. – Од страна на лекар од Итна медицинска помош […]

Во сообраќајка во Струмичко настрада мотоциклист


Во четвртокот, во 19.08 часот во СВР Струмица било пријавено дека на автопатот А-1, кај бензинска пумпа во с.Мрзенци, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сузуки GSX 1300 R“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.А.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи галопер“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(42) од с.Прдејци. Во незгодата, со […]

Син го прободил својот татко кој починал од повредите


Во средат,а во село Вранешница, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.К.(25), поради сомнение дека околу 20.30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Ј.К.(48), од кои подоцна починал. По преземени мерки било утврдено дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во […]

Нема пресуда за Мијалков, „Тортура“ ќе се преотвори


Судијата Александра Ристевска, денеска, не донесе пресуда за случајот „Тортура“ во кој се обвинети поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и шестмина полициски „Алфи“. -Неспорно беше дека се случил настанот. За судот остана нејасно кој од обвинетите какви дејствија презел. Потребно е дополнување на постапката, да се преотвори и да се утврди видот и карактерот […]

Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал


Во средата, во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје електричен тротинет, управуван од засега непознато лице, удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата. Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото […]

Пронајдени насади од марихуана, приведени три лица од Скопје


 Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), тројцата од Скопје, осомничени за одгледување марихуана. Тие биле приведени вчера околу 18 часот во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на Вардар. -На локацијата каде што биле затекнати биле откриени околу 100 стебла насади канабис сатива, дел […]

Македонски и австриски полицајци во Виена запленија 2.000 стебла марихуана


Припадници на МВР заедно со австриските полициски службеници учествуваа во разбивање на меѓународна криминална група во Виена, каде се запленети над 2000 стебла марихуана во околината на Виена и приведени три лица, соопштија од МВР. – Во заеднички координирана акција на територијата на Република Австрија од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на […]

Денеска пресуда за Мијалков и алфите за случајот „Тортура“


Денеска во Кривичниот суд ќе биде изречена пресуда за случајот “Тортура”, во кој обвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, а се однесува на аспењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година. Првообвинет во овој […]

Престрелка во Арачиново, повредени и приведени повеќе лица


Во селото Арачиново околу 2 часот по полноќ се случила престрелка по претходна расправија поради долг при што се ранети и приведени повеќе лица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението од МВР стои дека денеска во СВР Скопје приведени се М.А (31), М.С.(35) од селото Страчинци и Н.Џ.(27) од селото Арачиново. Полицијата […]

Повреден возач откако со возилото излетал од патот Берово – Делчево


Четириесет и петгодишно лице од пехчевското село Панчарево е повредено откако со своето возило излетало од регионалниот пат Берово – Делчево, кај селото Стар Истевник. Случајот го потврдија од делчевската полиција. – На 15.06.2021 во 17:30 часот во полициската станица во Делчево е пријавена сообраќајна несреќа на возило „форд“ со штипски регистерски таблички. Во несреќата […]

На коњи се обиделе да прошврцуваат 319 кг кафе во Македонија


  Косовската полиција, вчера, регистрирала обид да се прокриумчари 319 кг кафе на граничниот премин „Генерал Јанковиќ“. Како што се наведува во соопштението, во вечерните часови вчера, единици на полицијата на граничниот премин со Македонија забележале два натоварени коњи. Службениците успеале да ги сопрат коњите, а при проверката на товарот најдени се 319 кг кафе. […]

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 13 лица од Пакистан


Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север, во близина на село Костурник на автопатот Куманово – Табановце денеска околу 15 часот во товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К (34) од Рашче, Скопско пронашле 13 лица- мигранти од Пакистан. Од МВР информираа дека […]

Актерката Силвија Стојановска осудена на три и пол години затвор


  Актерката Силвија Стојановска е осудена на три и пол години затвор, а нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ на 7 години затвор. Пресудите се неправосилни. Обвинението ги товари за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.   Будисавјевиќ останува во притвор, додека Стојановска останува на слобода до правосилна пресуда, со определени мерки на претпазливост. […]

Приведени двајца Грци во Битола заради непристојно однесување


  Во понеделникот, во 16 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле приведени А.П.(50) и Г.П.(53), двајцата од Р.Грција, поради предизвикано нарушување на јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување и кршење на предмети. Лицата се предадени на судија за претходна постапка во Основен Суд Битола за понатамошно […]

Завршните зборови за „Организаторите на 27 април“ закажани за 1 јули


 Судењето за „Организаторите на 27 април“ влегува во завршна фаза. На денешното рочиште беа изведени последните материјални докази од одбраната на обвинетиот Миле Јанакиевски. Кривичниот совет предводен од судијата Илија Трпков, одлучи на следното рочиште, закажано на 1 јули, Обвинителството да почне со завршни зборови, додека завршните зборови за одбраната се закажени за 6 и […]

Полицијата откри насад со околу 900 стебла канабис во охридско, приведени две лица


Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе две лица откако во нива во охридско, според првичните информации, се откриени 890 стебла канабис.   Од МВР за МИА потврдуваат дека во текот на вчерашниот ден е спроведена акција од Одделот за сериозен и организиран криминал и СВР Охрид. Имало и претреси на повеќе локации, а повеќе […]