Уживале со жива музика во кафеани, иако ги кршат здравствените протоколи


  Два угостителски објекти во Валандово и во Куманово ги кршеле здравствените протоколи, при што имале гости во објектите, а во Валандово и жива музика. СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Валандово и А.Б.(43) од валандовското село Балинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според […]

Семејна расправија завршила со тепачка, од слобода лишени ќерка и мајка


Ќерка и мајка се лишени од слобода, откако претходно физички ги нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка. Случајот од вчера со насилството се расчистува по што ќе следуваат соодветни пријави. Според СВР Тетово, вчера (13 јуни) околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа […]

Тепачки меѓу малолетници поради недоразбирања на социјални мрежи


  Три одделни тепачки меѓу малолетници се случиле изминатово деноноќие, а за едната причина биле недоразбирања на социјални мрежи. Имено, како што соопшти МВР, во саботата во 22.30 часот А.Б.(41) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање на социјалните мрежи, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца […]

Полицаецот по кој се трагаше во Делчевско, пронајден мртов


Пронајдено е телото на 51 годишниот (Т.С) од Делчево, кој во четвртокот (10 јуни 2021) заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага. Од полицијата за МИА информираа дека 51 годишниот делчевец, инаку полициски службеник, вчера доцна попладнето […]

Приведени осум лица, растурена домашна забава во Скопје


По добиена пријава во СВР Скопје, полициски службеници од Полициска станица Карпош ноќеска во 01.28 часот извршиле контрола во стан на бул.„8 Септември“, во кој престојува П.П.(25). При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за […]

Се пресметувале со пиштоли на Бит пазар, полицијата интервенирала


Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 02.10 часот од полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар биле приведени Р.Х.(32) и Х.Ц.(61), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.386 од Кривичниот законик. Според полицискиот билтен вчера околу 23.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, додека П.С.(33) бил со […]

Полицијата трага по 51-годишник од Делчево


Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово. Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” […]

Полицијата спречи криумчарење на 20 мигранти на автопатот Куманово – Табановце


Во петокот, во 8.10 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај место викано „Костурник“, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.М.(44) од Скопје, затоа што при преглед во товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 биле малолетни лица. По наредба на Јавен […]

Приведен радовишанец баран со централна потерница


Полициски службеници синоќа на регионалниот пат Плачковица-Штип лишија од слобода 33-годишен радовишанец, по кого била распишана централна потерница за доиздржување на затворска казна од 4 години, 9 месеци и 5 дена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. – На 11.06.2021 во 21.15 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за […]

Пронајдено малолетното девојче од кочанско Оризари што беше пријавено за исчезнато


Среќен крај за семејство од Оризари, Кочанско, при потрагата по нивната 15-годишна ќерка, која во полицијата беше пријавена како исчезната. Ноќеска пред полноќ таа се вратила во својот дом, по што е прекината акцијата за нејзино пронаоѓање, во која освен роднините и други граѓани, беа вклучени и дел од институциите. – Ноќеска по 23 часот […]

Жител на Смојмирово пронајден мртов во Смојмирска Река


 Шеесет и седумгодишно лице од беровското село Смојмирово е пронајдено починато во коритото на Смојмирска Река. Трагичниот настан го потврдија од беровската полиција,  а смртта на несреќниот беровчанец била констатирана од екипа на Итната медицинска помош од Берово. – На 10.06.2021 во 08:10 часот во Полициската станица Берово добивме пријава дека во коритото на „Смојмирска […]

Обвинетите во случајот „Двојник” вкупно осудени на 16 години затвор


Судскиот случај „Двојник” заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети. Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот пред „Двојник”. Во судската постапка иницирана од ОЈО Скопје, за издавање […]

Три години затвор за Фарук Буки од случајот „Двојник“, условни за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ


Кривичниот суд Скопје ги прогласи за виновни Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ обвинетите во случајот „Двојник“. Обвинетиот Буки, од страна на судот е осуден на три години затвор, додека на обвинетите Колевски и Шпишиќ им изрече условни казни од една година затвор во случај да го повторат кривичното дело во следните три години. […]

Приведен малолетник од Тетово, полицијата му пронашла марихуана


Полициски службеници од Тетово синоќа лишиле од слобода малолетник од Требош откако кај него пронашле марихуана. МВР информира дека вчера, во 21.40 часот, на улица „Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 17-годишник од с. Требош, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска […]

Приведени две лица од Струга, кај нив бил пронајден кокаин


Во населбата Плитишта во Струга, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга. Како што информираат од МВР при преглед во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин. Лицата биле приведени во полициска […]

Со 400 денари поткупувал полицајци, сега е во притвор


Основното јавно обвинителство – Прилеп издаде наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен државјанин на Република Албанија, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „давање поткуп“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот на 10 јуни 2021 година, околу 1:00 часот […]

Уапсен сопственик на кафеана, во која танчерки ги забавувале гостите


Во средата, од 22.15 часот до 23.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Желино, тетовско, сопственост на З.С.(49) од истото село. При контролата било констатирано дека објектот работи спротивно на прописите на Владата донесени за работа на угостителски објекти за […]

Запленета дрога вредна околу 200.000 евра


    Во рамки на засилените полициски активности за борба против недозволената трговија со наркотична дрога, во заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп на 10.06.2021 околу 1 часот запленета е дрога […]

Фатени двајца крадци од Скопје, најдени и украдени банкарски картички


СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против А.Н.(35) и А.Д.(26), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба на дрзок начин“. Врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија дека во повеќе наврати извршиле тешки кражби во станови, каде […]

Затворен објект во Тетово, приведени 12 лица


Полициски службеници на СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер (8 јуни) од 23 часот и 35 минути до 50 минути по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово. При контролата, во објектот биле затекнати 11 женски […]