Со автомобил удрил во пешак во Кичево


Во саботата, во 21.50 часот во Кичево, на ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „фиат мареа“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.К. (54) од с.Другово, Кичевско удрило во А.М.(61) од с.Шутово, Кичевско.

По незгодата А.М. е пренесен во Медицински центар-Кичево каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кичево.