Бранителот на Миле Јанакиески побара ослободителна пресуда за „Организаторите на 27 април“


Политичките несогласувања се одличен простор за злоупотреба на ова дело и како одбрана ќе бидеме упорни и доследни, не да ја задоволиме политиката, туку преку правни факти и релевантни докази да дојдеме до вистината, истакна денеска Александар Новаковски, бранител на обвинетиот Миле Јанакиески, кој во завршните зборови од судењето за „Организаторите на 27 април“ побара […]

Момче и девојка се обесија во Штип поради недозволена љубов


Двојна трагедија го потресе штипскиот регион, откако момче и девојка поради недозволена љубов во рок од 24 часа си ги одзедоа животите со бесење. Дваесет и пет годишното момче се обеси вчера на локалитетот „Баргала“, а утринава и неговата 21-годишна девојка од селото Аргулица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека утринава во 9.20 часот […]

Претрес во Прилеп, пронајдени оружје и муниција


Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршиле претрес во дом и други простории во село Житоше кај И.А.(43), при што се пронајдени и одземени едеб пиштол „Роси“ калибар 22 милиметри, пет куршуми 22 милиметри, 12 куршуми калибар 7,62 х 25 милиметри, еден сигнален пиштол и една […]

(Во живо) Завршни зборови на одбраната во случајот „Организатори на 27 април“


Одбраната и обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ денеска во Основниот кривичен суд во Скопје даваат завршни зборови. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле […]

На преминот „Морина“ уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница


 Македонски државјанин баран со меѓународна потерница распишана од белгиските власти е уапсен на преминот Морина на албанско-косовската граница, кај Кукс. -На влез на граничниот премин Морина, службите на граничната полиција, како резултат на зголемени мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа лицето Џелал Ферати (38), жител на Скопје, Северна Македонија, баран со […]

Почина човекот во кого 20-годишник удри со автомобил кај „Југодрво“


Педесет и четиригодишен скопјанец загина со велосипед, откако во него удрил автомобил денеска околу 10.30 часот на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Според информациите од МВР, автомобилот го управувал 20-годишен жител на скопско Батинци.   По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт. […]

Побарано изземање на обвинителката Вилма Рускоска од „Меѓународен сојуз“


Бојан Јовановски – Боки 13 и Фросина Ременски обвинети во предметот „Меѓународен сојуз“ денеска побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска. Според образложението на Јовановски барањето за изземање на обвинителката е поради новонастанати околности, односно по обработката на дел од податоците од неговиот мобилен телефон кој судот му го вратил. Според Боки 13 обработени се околу […]

Се преврте комбе кај клучката „Смилковци“, загина возач од Дебар


Утрово, во 5.10 часот, било пријавено дека на Скопската обиколница, кај клучка „Смилковци“, комбе со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(52) од Дебар, излетало од патот. На местото на незгодата починал возачот. Смрт констатирал лекар, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Повредени двајца полицајци кои бркале и фатиле криминалец баран со потерница


 Во Скопје, на ул.„Љуботенски пат“, вчера во 14.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од скопското село Љуботен, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки. Како што денеска […]

Одложено рочиштето за случајот „Тендери”


Рочиште за случајот „Тендери” е одложено за 15 јули. За денеска беше најавено дека обвинителството и одбраната ќе почнат со своите завршни зборови, но отсуството на обвинетата Јулијана Угриновска, беше причина ова рочиште да не се оддржи. Според бранителот Сашко Дуковски, неговиот клиент не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини. Првообвинета во […]

Во 4 наутро украле банкомат од маркет во Аеродром


Четворица крадци по кои се трага успеале да украдат цел банкомат од маркет во населбата Аеродром. „На 11.07.2021 околу 4 часот во Полициска станица Аеродром, В.Н. пријавил дека четири лица со употреба на сила влегле во маркет на подрачјето на Аеродром и одзеле банкомат“, велат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Адвокатот Миланов оцени дека нема докази за „Организаторите на 27 април“, главната расправа продолжува на 14 јули


 Со завршни зборови од страна на обвинетиот Миле Јанакиески на 14 јули продолжува главната расправа за случајот „Организаторите на 27 април“. Денешното судско рочиште заврши со завршните зборови на адвокатот Еленко Миланов, во одбрана на обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Тој на почетокот се осврна на Законот за амнестија, нагласувајќи дека по сила на […]

Малолетничка со мотор удрила во запрежно возило


Во неделата, во 21.20 часот било пријавено дека на локалниот пат кај село Дрвош, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која малолетничка од истото село, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, удрила во запрежно возило, управувано од В.И.(74) од истото село. Во незгодата малолетна сопатничка од мотоциклот се здобила со тешки телесни повреди, а со […]

Спиро Ристовски не гледа докази дека учествувал во организирањето на 27 април


    Обвинителството нема ниеден материјален или вербален доказ дека обвинетите организатори на насилниот 27 – ми април го сториле делото – порача обвинетиот Спиро Ристовски. Според него, обвинението се темели само на исказот на Александар Василевски – Нинџа, а тој на 27 – ми април немал телефонска комуникација ниту со Миле Јанакиески ниту со […]

Четири лица, меѓу нив и затворски службеник повредени од остар предмет во затворот К’шање


Четири лица, меѓу нив и еден вработен од кумановскиот затвор се повредени од остар предмет во физичка пресметка која се случила вчера во затворот К’шање, соопшти денеска СВР Куманово.   – Вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу осум лица, од кои четири се повредени со остар предмет, […]

Одбраната на Спиро Ристовски: Исказите на Нинџа за 27 април се контрадикторни


Сведокот Александар Василевски  – Нинџа, според одбраната на обвинетиот Спиро Ристевски, кажувал „Џејмс Бондовски” сценарија.  Адвокатот Гоце Ристевски, во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27 април”, рече дека не може да сфати како обвинителството кое располага со неколку изјави на овој сведокот не може да ја воочи контрадикторноста на овој сведок од исказ […]

Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“


 Главната расправа за случајот  „Титаник“ која беше закажана за утре се одлага за 24 август, а утре ќе се одржи расправа со завршни зборои за предметот „Тендери“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со […]

Уапсен грчки државјанин со над 33 килограми канабис што ги презел од границата со Северна Македонија


За внесување и трговија со канабис на територијата на Грција е уапсен грчки државјанин, кој на мотор превезувал 33 килограми и 523 грама канабис, што ги презел на граничен премин со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, уапсениот бил забележан во поширокиот регион на Идомени, а канабисот […]

Приведени крадци, во „бе-ем-ве“ најдени три украдени електрични тротинети


Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10 јули, за одземен електричен тротинет. Како што информираат од МВР, кај осомничените во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле […]

Се дивее по патиштата – еден возел со 320 км/ч, друг со 3,87 промили алкохол во крвта


  Македонските возачи поставуваат црни рекорди на патиштата. Деновиве, радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час. Полицијата информира дека е надминат и рекордот кај оние кои седнуваат пијани зад волан, па кај возач измерени се 3,87 промили алкохол. Дозволено е само 0,5 промили. Со толку алкохол во крвта, чудно […]